Месечен хороскоп за октомври 2020: Стрелец

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

 

Работа

Овој период носи проблеми на работното место, па ќе морате да покажете трпеливост и одговорност, но и одлучност за важни прашања. Ако сте унапредени неодамна, ова е период кога ќе морате да ја оправдате својата доверба и да покажете способност, компетенции, колегијалност, но и иницијатива и мотивираност. 

Љубов

Ако сте во врска: Ова е мирен период во партнерските односи, уживате во плодовите од градењето на вашиот однос и се препуштате на мирот и блискоста. Дури и да не се сложувате за некои ситници, лесно ќе доаѓате до компромис овој месец. Ова е и добар период за заедничко планирање и вложувања.

Ако сте слободни: Ова е месец кога слободните Стрелци ќе посакаат да се покажат и докажат, но ако некој ви се допаѓа, не глумете, туку трудете се да бидете свои. Ова е добар период за романтична врска со личност која ви се допаѓа веќе некое време. 

Здравје

Внимавајте на повреди.