Месечен хороскоп за октомври 2020: Рак

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Овој месец соработката ќе оди одлично, а приходите ќе бидат стабилни. Се движите во друштво на стабилни и влијателни луѓе, па така тоа ви годи за да ги реализирате своите идеи. Време е да ги процените своите досегашни достигнувања, да поставите нови цели и да побарате поддршка за реализација на вашите идеи. Не носете никакви брзи заклучоци и што и да се случи потрудете се да останете смирени, бидејќи ништо не е толку лошо колку што мислите. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој октомври, ќе добиете признание за своето трпение и труд, како во љубовните односи, така и во останатите аспекти од вашиот живот. Партнерот ќе ја цени вашата способност да постигнете компромис, но и да бидете тактични и нежни. Ќе се чувствувате поблиски од било кога, а тешкотиите ќе ги надминувате смирено и достоинствено. Ова е месец кога љубовта е баш онака како што треба да биде за вас. 

Ако сте слободни: Слободните Ракови ќе се чувствуваат стабилно, без оглед на тоа дали се сами или почнуваат романтична приказна. Фокусирани сте на своите мисли, својот внатрешен живот, преиспитување и медитација. Полека, го избегнувате хаосот и го туркате надвор од својот живот и го наоѓате својот мир на ова поле. 

Здравје

Можни се главоболки и проблеми со видот.