Месечен хороскоп за октомври 2020: Лав

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Можни се корисни познанства овој месец особено доколку одите на професионално патување, конференција или состанок. Не се впуштајте во никакви ризични потфати овој месец и анализирајте како се однесуваат шефовите кон вас бидејќи тоа може да ви испрати важна порака. Споделувајте ги своите идеи со колегите, бидејќи тоа може да ви даде и важен увид во работата, но и да ви донесе нови идеи. За некои Лавови можна е понуда за работа од соништата.

Љубов

Ако сте во врска: Промените кои ги доживувате на лично ниво не се поврзани со врската, ниту пак со професионалното поле, но сепак се одразуваат на вашата врска. Посветете се на својот духовен и интелектуален развој, но покажете и на саканата личност низ што минувате и колку ви е важна нивната поддршка. Не носете брзи заклучоци за ништо во вашата врска и одете чекор по чекор, бидејќи ова се големи промени. Најважно е да им покажете колку ви значат и колку се сакани.

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе се чувствуваат збунето, некои работи ќе ве вознемируваат, но нема да можете да адресирате што е тоа. Одвојте време за себе, проценете ги односите со луѓето кои ве окружуваат и донесете одлука што е она што го сакате. Прифатете ги своите промени во расположението и сфатете дека сето ова е процес низ кој морате да поминете. 

Здравје

Можни се настинки и кашлица. Редовно одете на лекар.