Месечен хороскоп за октомври 2020: Јарец

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Држете се до своите принципи и не дозволувајте туѓите ставови да ве оддалечат од вашата цел. Можностите за успех ви се отворени особено ако работите самостојно. Бидете систематични, смирени и трпеливи а ако морате да влегувате во конфликти водете се од правилото дека паметниот попушта, барем овој период.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е месец во кој  ќе се чувствувате ранливо и раздразнето. Партнерот ќе ве преплавува со своите проблеми, а вие постојано ќе бидете на работ на нервите. Но, пробајте да се смирите, да бидете тука за саканата личност и да помогнете колку можете. За вас ќе биде голем предизвик да поставите здрави граници, но и да не се одалечите од партнерот и да не го повредите.

Ако сте слободни:  Слободните Јарци ќе бидат мета на интерес на повеќе различни личности, кои делуваат интересно на прв поглед. Сепак, бидете резервирани кон таквиот однос и не дозволувајте да бидете целосно заведени од нечии слатки зборови. Останете на дистанца и покажете - времето ќе ви покаже кој го заслужува вашето внимание.

Здравје

Пробајте да се ослободите од стресот и анксиозноста.