Месечен хороскоп за октомври 2020: Девица

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Потрудете се да не бидете арогантни и да не се поставувате надмено кон колегите. Задржете ја сериозноста и одговорноста кон работата и бидете свесни дека тоа е гаранција за успех овој период. Во овој период на прво место ќе биде вашата креативна енергија и потреба да создадете нешто ново и ќе успеете во тоа. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој период ви носи многу предизвици - емоциите ќе бидат на површина и ќе ви биде тешко да ги контролирате. Воздржете се од расправии и бидете трпеливи, а во меѓувреме занимавајте се со своите мисли и постапки. Бидете одговорни за тоа како се поставувате кон саканата личност. 

Ако сте слободни: Слободните Девици ќе сакаат своите длабоки чувства да ги скријат позади весела и слатка фасада, но тоа нема да биде така лесно овој октомври. Можеби нема да успеете да го скриете своето разочарување, но бидете отворени кон тоа да ја покажете својата ранливост и емоции. Потребна ви е поддршка, потпрете се на некој кому му верувате.

Здравје

Можни се главоболки, настинки и болки во кичмата.