Месечен хороскоп за октомври 2020: Близнаци

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Овој месец ќе се соочите со ситуација кога ќе сакате да се откажете од одреден проект, но тоа ќе се покаже како грешка бидејќи во истиот момент штом посакате да се откажете ќе го сфатите огромниот потенцијал на таквата идеја и ситуација. Избегнувајте ситуации и конфликти со луѓе кои ви носат негативна енергија, бидејќи овој месец нема да успеете да бидете премногу тактични и добро да се поставите кон нивните сплетки. Ќе ги остварите поголем дел од своите планови, но ќе треба да најдете време и за планирање за следните месци. 

Љубов

Ако сте во врска:Ова е период во кој ќе треба да тактизирате со саканата личност, но и во семејните односи. Пробајте да ги исполните барањата, да ги премолчите примедбите и да постапите умно во однос на некои ситуации. Тоа не значи дека треба да го прифатите тоа што не го сакате, туку едноставно да бидете подипломатични. Пуштете го партнерот да ги искаже своите желби, а вие само мудро набљудувајте и видете каде можете да покажете компромис овој месец. Не трошете многу енергија за да го истуркате своето, ништо не е вредно за тоа овој октомври.

Ако сте слободни: Слободните Близнаци ќе се соочуваат со потреба да се ослободат од минатото - можеби ќе се појави некоја личност од минатото со која ќе сакате да расчистите некои работи, или пак некоја емоционална ситуација која ќе ви помогне да научите важни лекции. Сосредоточете се на себеси, другата личност е тука само како огледало. Ова е можност да ги согледате своите грешки и да не ги повторувате.

Здравје

Можни се проблеми со грбот и кичмата.