Месечен хороскоп за октомври 2020: Бик

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Овој месец нема многу да заработувате, односно имате трошоци кои ќе ве изненадат и ќе го уништат вашето расположение. Сепак, не дозволувајте тоа да влијае на работата, бидејќи овој месец имате многу обврски кои морате да ги завршите. Најдобро ќе функционирате ако работите сами, или пак ако ви е доверена задача во која ќе имате слобода да се изразите и да постапите по сопствено уверување. Последната недела во октомври ви носи зголемена можност за заработувачка.

Љубов

Ако сте во врска: Ќе бидете преплавени со емоции, пробајте да останете емоционално вклучени, но и објективни. Можно е во одредени ситуации да имате потреба да започнете конфликти, но за тоа нема потреба овој месец. Пробајте да направите разлика меѓу вашата тврдоглавост и вистинската потреба да се дискутира за некои теми. Сослушајте ги приговорите од саканата личност со отворен ум и не делувајте импулсивно и со инает. Ако успеете да го избегнете тоа, октомври ќе биде емотивен месец исполнет со романтика. 

Ако сте слободни: Слободните Бикови се заглавени во своите мисли и длабоки анализи. Можно е да ви пристапуваат повеќе интересни личности, но вие како да не ги забележувате. Потрудете се на продуктивен начин да ги канализирате своите чувства. Тоа ќе ви помогне да се впуштите во она што ви е потребно овој момент, без оглед на тоа дали е тоа авантура или романтика. 

Здравје

Можни се проблеми поврзани со вратот, мигрена, главоболки.