Месечен хороскоп за ноември 2020: Водолија

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Финансиската ситуација е специфична, а тоа многу ве мачи овој период. Потребно е да направите анализа и промислено да настапите во однос на предизвиците кои се наметнуваат овој ноември. Можеби ќе се соочите со грешки од страна на соработниците, колегите па дури и шефовите, но бидете внимателни како ќе ги адресирате таквите проблеми. Можно е крајот на месецот да ви донесе дополнителна заработувачка преку интернет.

Љубов

Ако сте во врска: Sвездите ви носат спокој и хармонија во партнерските односи, но дури во втората половина од ноември ќе успеете целосно да се ослободите од напнатоста која се насобираше во вашата врска изминатиот период. Ако партнерот има некои критики, добро е отворено да разговарате за тоа, но и да им покажете колку ви значат. Немојте да мислите дека секогаш вашите постапки се правилни,можеби некогаш ненамерно правите штета без да сте свесни за тоа. 

Ако сте слободни: Слободните Водолии  минуваат низ период на длабоки лични трансформации. Ќе имате потреба искрено да ги изразите своите чувства, а тоа не е вообичаено за вас. Некој во вашата близина ве обожава и ве сфаќа подобро одошто мислите. 

Здравје

Проблеми со главоболки и болки во грбот.