Месечен хороскоп за ноември 2020: Стрелец

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Имате можност самите да го избирате својот пат на ова поле во текот на ноември. За некои Стрелци можни се нови понуди за работа кои можеби не ги очекувате, па ќе треба добро да размислите каде сакате да одите. Не споделувајте се со другите луѓе околу вас, барем додека сите работи не се јасни и не знаете точно и самите што сакате. Sвездите се на ваша страна, но најдобрите одлуки ќе ги донесете сами, а ноември е месец исполнет со многу професионални одлуки.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период на интензивни промени во расположението кои ќе се рефлектираат и на самиот однос со саканата личност. Ќе бидете како огледало со саканата личност. Треба да сфатите дека сето ова е само период кој треба да го надминете. Време е да се соочите со непријатните, а потиснати чувства кои не ви носат ништо добро оваа цела година. Време е и за големи промени!

Ако сте слободни: Ова е месец кога слободните Стрелци ќе се однесуваат малодушно кон другите околу нив, особено кон оние кои ви се додворуваат, а кои не ви се допаѓаат. Пробајте да се ставите себеси на прво место и да не очекувате другите да направат нешто што вие треба да го направите за себе. Она што им го давате на другите, потрудете се да го насочите кон себеси.

Здравје

Внимавајте на стресот. Подобрете го имунитетот.