Месечен хороскоп за ноември 2020: Шкорпија

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Бидете практични, особено ако доаѓа до завршување на некој важен проект. Прилагодете се на другите и нека ви биде јасно дека работите во тим. Препреките ќе бидат лесно надминати ако сте опуштени и сталожени, потрудете се да го постигнете тоа колку и да ви изгледа тешко овој месец. Бидете внимателни во комуникацијата особено со надредените за да не кажете нешто што ќе ви остане како дамка во работата. Исполнете ги сите ветувања кои ги поставувате овој период.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период кога морате да настапите отворено и искрено во партнерските односи. Сепак, потребна е храброст за да седнете и отворено да разговарате за некои прашања. Покажете ја својата ранливост, не морате постојано да покажувате колку сте силни. Минувате низ лична криза, а поддршката од саканата личност би ви дошла одлично во однос на тоа. 

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии ќе бидат предизвикани да се покажат пред другите. Можеби ќе направите некои потези кои ќе ја збунат другата страна, но потрудете се да бидете отворени. Вашата ранливост ќе биде ценета овој период. Можно е да сте под влијание на многу емоции, па вашиот суд ќе биде замаглен некогаш, бидете внимателни во однос на тоа.

Здравје

Потребни ви се нови рутини за да го зачувате своето здравје во текот на постудените денови.