Месечен хороскоп за ноември 2020: Риби

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Ноември е одличен месец за материјализација на вашите планови и идеи. Можни се мали предизвици, но тие ќе бидат само поттик да бидете поупорни во однос на одредени прашања. Немојте да бидете нетрпеливи и насочете го фокусот кон оние работи кои ќе ви донесат успех, не се расплинувајте на сите страни.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи важно е да и бидете поддршка на саканата личност, особено во првиот дел од месецот. Не заборавајте на тоа колкава сила носите во себе и дека можете да се носите со секоја ситуација. 

Ако сте слободни: Слободните Риби  ќе бидат харизматични овој период. Вашиот шарм и интелигенција блескаат, а можно е да сретнете личност која совршено ве разбира. 

Здравје

Настинки, бидете внимателни.