Месечен хороскоп за ноември 2020: Јарец

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Околностите не ви одат од рака, а не се сјајни ниту пак ни меѓучовечките односи на работа. Ќе бидете нервозни и растргнати на сите страни. Овој ноември ќе успеете да препознаете една прилика за да ги зголемите финансиите барем преку краткорочен проект. Потребно е да промените некои работи во комуникацијата со другите и шаблони кои веќе не ви помагаат во работата. 

Љубов

Ако сте во врска: Ова е месец во кој  доаѓа до конфликти, недоразбирања и проблеми во комуникацијата во текот на целиот ноември. Се соочувате со некои контроверзни теми кои самите ги создавате. Важно е да се воздржите од нагли реакции и груби зборови и пробајте да ги прифатите оние аспекти од другата личност кои не ви се допаѓаат. Ништо не е совршено, ваше е да одлучите што ви одговара.

Ако сте слободни:  Слободните Јарци ќе имаат конфликти со самите себеси и спротиставени мислења на различни теми. Можно е да се заљубите во личност која ве стимулира интелектуално. Можеби тоа нема да биде љубов на прв поглед, но навистина ќе се зближите со таа личност. Сепак, прво поработете на себеси а потоа поврзете се со другата страна. 

Здравје

Пробајте да се ослободите од стресот преку прошетки и физички активности.