Месечен хороскоп за ноември 2020: Близнаци

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Важен ви е бистар ум и да бидете вклучени во важните ситуации на работа. Патиштата ви се отворени, успехот е пред вас, но треба да останете фокусирани и да не заборавите на важноста на тимската работа. Држете се до своите морални вредности, тоа ќе ви помогне да стигнете далеку.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период во кој можни се проблеми во комуникацијата, емоциите ве преплавуваат и не знаете како да се поставите. Ќе бидете пречувствителни и можно е премногу лично да доживувате некои работи кажани од саканата личност. Ќе се чувствувате како партнерот постојано да ви префрла, но тоа можеби не е вистината. Во вториот дел од месецот, можно е решавање на проблемите и посмирен однос со саканата личност. Коцките ќе се сложат полека и ќе се чувствувате подобро. 

Ако сте слободни: Слободните Близнаци ќе се соочат со напнати ситуации, поради еден недефиниран однос. Можно е и самите да не знаете што сакате, но вашето его ве убедува дека сте повредени. Читајте ги сигналите од другите, наместо да се трудите да погодувате. 

Здравје

Потребен ви е одмор и масажа.