Месечен хороскоп за ноември 2020: Бик

Прочитајте што ни носат ѕвездите во текот на ноември.

Работа

Во ноември доаѓа до зголемена енергија и подобро расположение, така што ќе имате волја за многу обврски и одговорности. Sвездите ве советуваат вашите идеи да ги задржите за себе, за да ги избегнете препреките кои би можеле да наидат од страна на колегите. Не се плашете од конкуренција, но имајте предвид дека некои личности не ви го мислат најдоброто, иако сакате да верувате дека тоа е така. Одложете ги преговорите и состаноците кои не се важни. 

Љубов

Ако сте во врска: Ова е месец кога ќе се чувствувате заглавено и како да ве гуши врската во која се наоѓате. Вашата потреба да бидете свои може лошо да биде сфатена од саканата личност особено ако не успеете да го искомуницирате тоа директно и не покажете дека ви е потребно само малку простор. Слободата ви е важна и партнерот нема да има проблем со тоа, но само ако отворено разговарате. 

Ако сте слободни: Слободните Бикови ќе бидат во центарот на вниманието - многу додворувачи околу нив, многу емоции и желби за дружење. Ова е нешто што е несвојствено за Биковите, но време е да се опуштите и да видите која личност околу вас најмногу ви одговара. Само потрудете се да не бидете погрешно сфатени и да не повредите некого со вашето ноншалантно однесување. 

Здравје

Можни се проблеми со грбот и главоболки.