Месечен хороскоп за месец мај

Почетокот на мај затекнува дури 5 планети во ретроградно движење, така што ретроградниот Марс за голем дел од луѓето ќе донесе до црпење енергија, нерационални напори и активности, како и зголемено лачење на кортизол (хормонот кој се лачи додека сме под стрес).

Овен

Месецот е одличен за опоравување на вашата финансиска состојба, но и за критички поглед кон вашиот начин на исхрана со оглед на тоа дека доаѓаат летните месеци.

Финансии: овој месец ќе ве остави без солидна сум на вашето парично конто. Поради влијанието на Венера, веројатно ќе ви биде тешко да преговарате и да доаѓате до финансии. Соработувајте со претставниците на знаците Лав, Вага и Бик со кои соработката ќе се одвива лесно и успешно.

Љубов:  вашата љубов можеби ќе ја сретнете во некоја финансиска институција или пак ресторан, а вашиот нов партнер би можел да биде во знак/подзнак Бик. Сепак, без оглед на тоа дали влегувате во нова врска или сте задоволни со вашиот сегашен партнер, ова е месец во кој треба да бидете потолерантни од вообичаено. Доколку сте во врска, запаметете што ви пречи кај вашата сакана личност, а соопштете го тоа на почетокот на следниот месец.

Работа: бидете подготвени на поголеми напори од вообичаено, за да го постигнете планираното. Ќе постојат голем број на недоразбирања во вашата комуникација во работното окружување и затоа ќе ви бидат потребни многу енергија и толеранција. Голема поддршка можете да добиете од Биковите.

Здравје: стрес е главен фактор кој влијае на вашето здравје во текот на овој месец. Внимавајте на количината на храна која ја внесувате, особено на брзата храна која го храни стресот. Вишокот на килограми исто така ќе влијае на стресот. Имајте го сето ова предвид за да не дозволите да бидете претерано нервозни и напнати и затоа обидете се да се опуштите во текот на попладневните часови.

Бик

Ова е месец за лични докажувања. Ќе постигнувате успех каде и да се појавите, а вашата околина тоа ќе го гледа со повеќе почит и уважување. Во своето окружување во текот на мај ќе го добиете тоа што се нарекува: лидерски статус.

Финансии: Венера во вашиот знак придонесува за многу поволна положба на вашиот финансиски потенцијал. Дополнителни фактори ќе влијаат парите навистина „да ве сакаат“ овој месец. Ако покрај тоа успеете да ја совладате комуникацијата со со оние од кои зависи вашата финансиска положба, вашиот успех ќе биде неограничен.

Љубов: со Венера и Меркур во вашиот знак, вие ќе бидете многу среќна личност на ова поле. Ако сте решени да поправувате одредени нешта во љубовните односи, ова е вистинско време за тоа. Обрнете внимание на Стрелците и Рибите, доколку барате нов партнер. Без оглед на тоа дали сте во врска или посакувате нова, ова е месец во кој во љубовта ќе бидете потолерантни од вообичаено.

Работа: овој месец ќе бидете многу вредни, со оглед на тоа дека од вашата работа ќе зависи колку ќе заработите. Реализацијата на веќе започнатите работи ќе биде во центарот на вашите работни активности. Клучот на вашиот работен успех ќе лежи во способноста за добро преговарање комбинирано со вашиот финансиски потенцијал.

Здравје: ќе бидете многу напнати, како последица на секојдневниот стрес и затоа морате да направите нешто во однос на тоа. Ако не сте направите детоксикација на вашиот организам во текот на оваа година, ви препорачуваме мај да биде месец за оваа активности.

Близнаци

Овој месец носи подвлекување на линија под она што го правевте во првиот дел од годината, а тоа носи и стабилизација на психолошко ниво. Можете да планирате различни активности, но мај не е месец во кој треба да почнете нешто ново, туку само да го завршите започнатото.

Финансии: заработувачката на пари во текот на овој месец ќе се одвива далеку од очите на јавноста. Тоа може да биде работа која има врска со затворен простор, медицина или пак работа за која не се плаќаат даноци. Исто така, можат да се случат проблеми врзани со планирањето и пронаоѓањето на финансиите, кои ќе влијаат врз извршувањето на работите.

Љубов: дури 3 планети, меѓу кои и Венера – планетата на љубовта се во вашата 12-та куќа на љубовта што ќе ве направи склони кон флерт и тајни љубовни врски. Доколку посакате излет или авантура, побарајте партнер во знакот на Риби или Бик, но бидете внимателни.

Работа: многу непредвидени околности ќе бараат повторување на одредени активности, а тоа ќе се должи и на недостатокот на комуникација. Немојте да паѓате во оган и да губите, туку обидете се да воспоставите соодветна комуникација пред да се зафатите со нешто.

Здравје: ова е месец во кои нервите ќе ви бидат на голем испит, со оглед на тоа дека стресот ќе ве демне на секој чекор. Кога работите не одат како што посакувате, немојте да се нервирате, бидејќи тоа ќе ви донесе само дополнителни проблеми. Доволно одмор и сон ќе ги ублажат работите за да не западнете во лоша здравствена состојба.

Рак

Ова е месец во кој во прв план ќе ви биде професијата со која се занимавате, но и односите со вашите пријатели. Можеби ќе стекнете нови пријатели, а можеби и ќе ви се отворат очите кон некое постоечко пријателство. Личност во знакот Лав ќе покаже пријателска наклонетост кон вас.

Финансии: во овој месец во приоритет ќе ви биде признавањето на вашиот труд. Доколку имате некакви препреки, тие лесно ќе бидат совладани а Биковите ќе имаат големо влијание на вашите напори. Големо влијание на вашиот финансиски успех ќе имаат и родени во знакот Стрелец и Риби, како и лица кои живеат надвор од земјата. Сепак, добрата комуникација е клучна за вашите финансии во овој месец.

Љубов: поради прилично проблематичните услови, ќе биде добро да бидете внимателни во текот на мај. Без оглед на тоа дали ќе се обидете да влезете во нова врска или пак сте задоволни со постоечката, ова е месец во кој ќе морате да бидете потолерантни од вообичаено. Доколку се обидувате да најдете нов партнер/партнерка, потрудет се тој/таа да бидат во знакот на Бик или Стрелец, но не се откажувајте лесно ако наидете на пречки, бидејќи мошне веројатно е дека тоа ќе се случи.

Работа: доколку се обидувате да направите значајни поместувања на работно поле, пред вас е тешка задача бидејќи планетарните прилики се прилично сложени. Сепак, морате да сте посветени – бидејќи резултатите ќе дојдат подоцна во текот на годината. Како главен проблем ќе се јави недостатокот на комуникација. Не дозволувајте непредвидените околности да ве обесхрабрат,туку само продолжете понатаму.

Здравје: обидете се да пронајдете баланс со вашите зголемени работни напори бидејќи тие можат да придонесат за сериозно загрозување на вашето здравје. Не се нервирајте за мали нешта, туку обидете се да влијаете само на нештата на кои можете да имате контрола.

Лав

Ова е месец на ваш професионален напредок. Доколку бевте посветени на кариерата, а тоа е манир на повеќето Лавови, ова е време да ги соберете плодовите од вашата работа. Но, не дозволувајте другите да се „китат“ со вашата работа, туку дајте им до знаење дека нема да го толерирате тоа.

Финансии: ќе се јават одредени проблеми во однос на финансиите поради ретрогадниот Меркур, но вашата стандардна самоувереност и упорност ќе ве донесат онаму каде што посакувате. Немојте премногу да трошите пари на разни места. Доколку се занимавате со економија и храна, ќе бидете во предност во однос на останатите професии.

Љубов: влијанието на планетите во текот на мај е малку неповолно и затоа ќе биде потребно да сте многу внимателни. Ако имате намера да влезете во нова врска, таа се наоѓа во вашето професионално окружување, и тоа личност во знак/подзнак Бик, или пак поврзана со финансии или храна.

Работа: во текот на овој месец неопходно е да бидете подготвени на многу стрес како последиџа на нервозите кои ќе се наталожат бидејќи нештата нема да одат како што вие посакувате. Морате да ја сочувате својата присебност бидејќи хаотичноста не само што нема да ве однесе никаде, туку ќе донесе и многу неуспеси и лоши резултати. Стрелец или Риби ќе имаат големо влијание на вашите работни активности и затоа важно е да го сочувате својот мир. Внимавајте и на вашето ниво на комуникација и покрај напорите за дестабилизација или дискредитација од страна на други личности.

Здравје: стресот кој е дел од вашата работа и неповолните резултати кои ве очекуваат ќе има големо влијание на вашето севкупно живеење. Ќе се соочите со лош квалитет на спиењето, а тоа нека ви биде сигнал дека ќе морате да се опуштите. Внимавајте и на начинот на исхрана,а  посветете се и на физички активности кои ќе ви помогнат во тоа.

Девица

Односи со странство, судски процеси, работни успеси, животни аспирации, среќа, животни лекции се само дел од поимите кои ќе бидат дел од вашиот интерес во текот на овој месец.

Финансии: владетелот на вашите финансии Венера се наоѓа во своето седиште што значи дека ќе имате голема помош од луѓе од странство во однос на вашите финансиски потфати. До пари лесно ќе можете да дојдете ако се занимавате со трансакции поврзани со храна, а доколку барате кредит, ве очекува голем успех.

Љубов: вашиот љубовен живот се наоѓа во знакот на Стрелец каде ќе се јават многу превирања и вриења. Доколку ви е здосаден сегашниот љубовен статус, тогаш новиот партнер побарајте го во знакот на Стрелец, Бик или Риби. Сепак, поради влијанието на планетите бидете внимателни.

Работа: околностите не се многу поволни и затоа некои работни потези ќе мораат да бидат повторени, што ќе бара значително повеќе енергија од вообичаено. Сепак, не смеете да ја изгубите својата контрола бидејќи тоа може да доведе до многу стрес и заболувања.

Здравје: како и кај другите знаци од хороскопот, стресот ќе биде клучен фактор кој ќе влијае на здравјето во текот на овој месец. Хранете се здраво, но обрнете внимание и на опуштањето преку физичката и сексуална активност.

Останатите хороскопски следуваат на втора страна...

Вага

Ова е месец во кој ќе ви недостасува поддршка за сите ваши активности. Доколку во претходниот период имате постигнато некаков договор, овој месец ќе започнете со негова реализација. Ве очекуваат успеси и на полињата на психолошка регенерација, даноци, кирии и секс.

Финансии: до пари најлесно ќе можете да дојдете со помош на склучување договори и нивна реализација. Секој друг обид ќе донесе многу препреки, а често ќе бидете принудени и да  повторувате некои работи. Шкорпии, Риби и Стрелци ќе бидат клучни помошници во решавање на проблемите и затоа потребно е да побарате помош од нив, ако се најдете во таква ситуација.

Љубов: Овен, Бик и Стрелец ќе бидат дел од вашиот љубовен живот во текот на овој месец, но морате да бидете особено внимателни со односите со спротивниот пол. Очигледно е дека љубовта ви е постојано во глава, но тоа не смее да ви ја одземе рационалноста бидејќи лесно можете да влезете во врска во која ќе ве „вртат на малиот прст“. Сепак, доколку сте веќе во врска очекувајте многу љубов, но и многу секс.

Работа: веќе подолго време, резултатите на работно поле не идат како што посакувате. Ништо подобро не ве очекува ни овој месец. Сепак, не се откажувајте и немојте да мислите дека не треба да бидете активни и вредни, бидејќи тоа може да предизвика само дополнителни проблеми.

Здравје: Јупитер во вашата 12-та куќа и Венера во 8-та ви сигнализираат дека треба да се занимавате со психолошка стабилизација, бидејќи тоа е основата и на вашето физичко здравје. Стресот и анксиозноста ќе бидат присутни, а потребно е и малку здрава храна во вашето секојдневие.

Скорпија

Се наоѓате во месец на јавноста, каде сите ваши активности ќе бидат дел од мислењето на јавноста, а вашиот партнер својата индивидуалност ќе ја намали на најмало можно ниво. Потрудете се да стекнувате партнерства, како лични така и работни бидејќи таквата помош секогаш ќе ви биде добредојдена.

Финансии :  ова е месец во кој полето на финансиите ќе биде поактивно од вообичаено. Работите ќе ви бидат подредени како што посакувате, а ќе имате и голема мотивација за заработувачка. Иако не сте од оние кои се жалат, сепак за да ги постигнете резултатите ќе ви биде потребен сериозен психо-физички напор.

Љубов: владетелот на вашето поле на љубовта се наоѓа во куќата на пријателите, што би можело да значи дека може да се случи да го измешате пријателството со љубовта или пак со посредство на некој од вашите пријатели да дојде до запознавање на личност која ќе го освои вашето внимание. Лицата родени во знакот на Девица и Бик се ваши потенцијални партнери. Без оглед на тоа дали сте во врска или во потрага по нов партнер, невозможна мисија ќе биде да бидете во право ако дојде до одредени конфликти.

Работа: овој месец најдобро е да се обидувате да ги постигнувате резултатите кои ги посакувате со помош на пријателите или соработниците. За партнер изберете Бик или Лав. Но, бидете подготвени на тоа дека некои работи ќе морате да ги реализирате од почеток, бидејќи при првиот обид ќе се соочите со неуспех.

Здравје: во текот на овој месец постојано ќе се чувствувате нерасположено и незадоволно што ќе влијае на вашето здравје преку главоболки и замор. Во однос на стресот, вие сте еден од најизложените знаци покрај Овенот.

Стрелец

Ова е месец во кој највеќе ќе постигнувате на планот на работата и здравјето. Сепак, присуството на Сонцето, Венера и Меркур во вашата куќа на работата и здравјето ви носи голема стабилизација на ова поле и затоа многу важно е да се опуштите пред месеците кои престојат.

Финансии: нема да постојат пречки за вас доколку се трудите околу работата. Сепак, тоа ќе ги донесе и посакуваните резултати. Бикот, Лавот и Девицата се знаци кои треба да ви помогнат на овој пат.

Љубов: поради Венера можно е дека во овој месец ќе ви се случи голема љубов. Бидете подготвени дека љубовта доаѓа по вас во мај.  Обрнете внимание на личност во знакот Бик.

Работа: клучниот успех во однос на вашата работа ќе лежи во добрата комуникација.  Сепак, поради ретроградното движење на Меркур, можни се одредени проблеми и ништо нема да биде така лесно. Во овој период потпрете се на личности со висок авторитет или личности во знакот на Лав, Стрелец и Риби. Планетите ви нудат поддршка на полето  на професионалниот напредок, но вие морате да се потрудите да ги заслужите.

Здравје: владетелот на полето на психата Марс се движи ретроградно во вашиот знак, а ако на тоа го додадеме Сатурн кој е генератор на депресиите, нема да ви биде воопшто лесно во текот на овој месец. Обидете да постигнете баланс меѓу исхраната и одморот и пијте многу чаеви кои ќе ве смират и опуштат.

Јарец

Повеќе уживања во слободното време и љубовта ќе бидат дел од вашите приоритети во текот на овој месец. Во текот на мај, ќе успеете да ги заборавите сите тешки теми, да воздивнете и да сфатите што ви е навистина потребно.

Финансии: со оглед на присуството на Сонцето и Венера во вашата куќа на претприемништво ќе постигнете лесно остварување на сите ваши потфати. Тоа подразбира и собирање на плодовите од тоа што го имате започнато во текот на изминатите месеци. Сепак, внимавајте да не се занимавате со „матни“ и незаконски активности кои можат да донесат проблеми на долг рок.

Љубов: овој период ве очекуваат многу убави работи на полето на љубовта. Претставници на знаците Бик и Лав ќе бидат ваши фаворити меѓу вашите освојувачи. Излегувајте почесто во шопинг центри и кафулиња.

Работа: овој месец го карактеризира лошата комуникација во работното окружување, која може да донесете повеќе проблеми отколку што претпоставувате. Сепак, упорноста и непоколебливоста во решавањето на проблемите ќе бидат вашите главни адути.

Здравје: на ова поле нема да се чувствувате многу пријатно, но тоа што не треба да го дозволите е вашата интроспекција (свртеност кон самите себеси) да биде двигател на сериозни здравствени проблеми. Бидете постојано во друштво кое ви одговара за да го избегнете претераното размислување и анализирање кое ги поттикнмува вашите внатрешни демони.

Водолија

Во текот на мај, вашето семејство ќе биде најважно за вас. Ќе бидете исполнети со елан и енергија и ќе се трудите да ги исправите работите онаму кадешто сметате дека   е потребно.

Финансии: со Јупитер во куќата на заработувачка и Меркур во куќата на приватните работи, ќе постигнете невидени успеси доколку имате приватен бизнис. За останатите, успесите ќе дојдат за разлика од претходните месеци во 2016 година.

Љубов: поради ретроградниот Меркур немате да бидете многу задоволни со вашиот партнер. Обидете се да бидете стабилни и одмерени во изјавире бидејќи вашето брзо реагирање може да донесе многу проблеми. Сепак, кажаните нешта не можат да се вратат назад. Ова е период кога можеби ќе сретнете некоја љубов од минатото, но не е добра идеја да ги подгревате старите страсти.

Работа: овој период ќе ви биде потребен поголем напор од вообичаено, на што особено треба да внимавате. Личност родена во знакот Стрелец можат да ви помогнат кога нештата не одат како што посакувате. Тие се оние кои ги држат конците на вашиот успех.

Здравје: изгубената енергија ќе резултира со замор и главоболки, но и пад на имунитетот. Затоа, потрудете се да придонесете кон врамнотежена исхрана, и искористете го слободното време за рекреација и одмор.

Риби

Ако се најдовте во ќорсокак во било кое од животните полиња, ќе морате во текот на овој месец да се запрашате колку тоа е резултат на вашиот начин на комуникација со луѓето. Овој месец е совршен за правење обид да ја подобрите комуникацијата, но и да најдете време со оние кои ви значат.

Финансии: Венера, која се наоѓа во вашата куќа на комуникација ќе ви овозможи лесна заработувачка со добри зборови и ласкање. Лицата родени во знакот Лав, Бик и Вага ќе имаат големо влијание на финансиските проекти.

Љубов: поставеноста на планетите ви носи познанство кое многу лесно би можело да премине во љубов. Тоа може да е личност родена во знакот на Лав, Бик, Вага, Девица или Близнаци, а средбата ќе се случи на краток пат или во ходник на некој објект.

Работа: ова воопшто нема да биде лесен месец за вас, и затоа бидете подготвени дека работата нема да ви оди како што сакате. Голем дел од поддршката ќе ја добиете од лица родени во знакот на Скорпија и Јарец.

Здравје: анксиозност, депресија и стрес се нешта кои ќе го одбележат и вашиот месец како и на останатите знаци во хороскопот поради влијанието на планетите. Затоа, внимавајте на одмор, исхраната и умерено конзумирајте чаеви во попладневните часови.