Месечен хороскоп за март 2021: Вага

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Успешно обновувате некои соработки и преговарате за нови партнерства и тоа ви оди од рака. Сето она што го имавте пропуштено изминатиот месец, имате шанса да го надокнадите сега. Лесно доаѓате и до финансии.

На 3 март, Марс прави секстил со Уран што ви носи неочекувано добар обрт на финансиски средства, особено за оние Ваги кои се занимаваат со убавина, здравје и козметика. Ќе имате идеи во што да инвестирате, а што и да решите да направите ќе биде успешно овој период. Со влегувањето во Близнаци, Марс на 4 март ви носи поддршка од влијателни личности, особено ако се занимавате со транспорт и сообраќај. Успех доаѓа и за оние Ваги кои се занимаваат со технологија и програмирање. 

Конјункцијата на Сонцето и Венера со Нептун на крајот на март ви носи одлично чувство за бизнис и зголемено салдо. На 15 март Меркур влегува во Риби каде ве предупредува да бидете внимателни во комуникацијата со соработниците. Можни се тешкотии и предизвици на кои немате големо влијание. 

Сонцето влегува во Овен на 20 март, а ден потоа и во Венера што носи одлична соработка со надредените или друга личност на висока позиција. 

Невработените Ваги ќе имаат можност да се вработат во секторите поврзани со финансии, забава, образование, услуги и менаџмент.

Љубов

Ако сте во врска, влегувањето на Марс во Близнаци ви носи можност за заедничко патување и подобрување на односите со саканата личност. Вашиот однос ќе биде динамичен и ќе си бидете постојано голема поддршка еден на друг - некако ќе успеете да ја живеете магијата на вашата љубов преку мали дела. Ако неодамна се смиривте со саканата личност, голема е шансата за опстанок на вашата врска. Одмереноста е клучна овој месец. 

Ако сте слободни, почетокот на месецот ви носи познанство со личност која е ведра и амбициозна, но и постојано во движење. Тоа и во вас ќе ја разбуди страста да промените нешто кај себе. Ќе се чувствувате живо и полетно, но постојано ќе размислувате дали ви одговара таа личност, но нашиот совет е да и дадете време.

Некои Ваги на социјалните мрежи ќе запознаат личност со која ќе уживаат во долги разговори. Можен е и почеток на врска и заеднички викенд.

Здравје

Март ви носи стабилно здравје. Бидете само внимателни на студено време навечер.