Месечен хороскоп за март 2021: Стрелец

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Март е поволен месец за отпочнување приватен бизнис, или почеток на друга активност која може да ви донесе успех на ова поле. Можен е семинар или службен пат, а така доаѓаат и нови професионални контакти. Некои Стрелци ги очекува купување на автомобил. Се подобрува финансиската ситуација.

Венера на 3 март прави секстил со Уран овозможувајќи ви неочекуван успех особено доколку работите на полето на услугите. Голем дел од вашите задолженија ќе успеете да ги завршувате брзо, а ќе имате и многу креативни идеи. На 4 март, Марс влегува во знакот Близнаци што ви носи можност за нова соработка и потенцијални партнерства со странство. Ако се занимавате со јавни набавки, можно е да склучите важен договор во овој период. 

Конјунцијата на Меркур и Јупитер ќе ви овозможи да започнете преговори за еден важен и голем проект. Ако планирате да почнете нов бизнис, овој период е најдобар за тоа. Меркур на 15 март влегува во знакот Риби што ве предупредува да бидете внимателни при завршување на обврските, роковите и ветувањата кои ги имате дадено.

Со секстилот на Сонцето и Венера со Плутон ќе добиете поддршка од важна личност и ќе се чувствувате исполнето и самоуверено како никогаш досега. Особен успех ги очекува оние Стрелци кои работат на полето на комуникациите и сообраќајот.

Невработените Стрелци ќе добијат можност за вработување во јавниот сектор, трговија и комуникации.

Љубов

Ако сте во врска, влегувањето на Марс во Близнаци на почетокот на месецот ќе ве насочи кон тоа да се ангажирате за вашата врска и да и покажете на саканата личност колку ви значи. Ќе бидете романтични и внимателни, што ќе наиде на возвраќање на таквите чувства и генерална состојба на пријатност во врската. Ова ќе влијае одлично на вашата врска во текот на целиот месец.

Ако сте слободни, ќе посакате да запознаете личност со која отворено можете да разговарате за вашите чувства. Можно е да препознаете личност во вашето окружување која ја знаете некое време, а која веќе ги има овие карактеристики кои ги барате. Некои Стрелци ќе запознаат интересна личност преку работата. Дајте и шанса на таа личност.Непланирани околности ве поврзуваат и со личност од минатото. 

Здравје

Потребна ви е психофизичка релаксација. Добро здравје, можна е само настинка.