Месечен хороскоп за март 2021: Шкорпија

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Секоја упорност ви носи поволни резултати а тоа ќе го почувствувате уште на почетокот на март. Низ задоволство и тимска работа ќе ги подобрувате позициите на работното место и ќе се чувствувате добро во однос на тоа. Во еден момент ќе бидете принудени да ги промените моменталните планови во корист на идните ситуации. 

Венера на 3 март прави секстил со Уран, што ви носи неочекувана можност за подобрување и проширување на вашите партнерства, но и можност за успешно претставување во јавноста преку ваш проект. Марс на 4 март влегува во знакот Близнаци што ќе ве мотивира поангажирано да работите на подобрување на полето на платен промет, а и ви носи успех во тоа. Ќе имате корист од инвестиции и активности на берзата, но и голем успех ако решите да започнете сопствен бизнис.

Сонцето и Венера во втората половина на март ви носат конјункција со Нептун што остава простор за многу успешни креативни проекти. Ќе имате одлично чувство за потребите на вашите клиенти и ќе се чувствувате прилично исполнето во однос на работата.

Меркур на 15 март влегува во Риби што од вас бара да избегнете ризични работи и вложувања и да ги одложите сите важни договори за недела-две. Тешкотии доаѓаат за оние кои се занимаваат со угостителство и организација на прослави. Сонцето и Венера прават секстил со плутон што ви носи одличен напредок во однос на редовните работни обврски.

Невработените Шкорпии ќе добијат шанса да се вработат на полето на услугите, индустријата, градежниот сектор и областите поврзани со модерни технологии.

Љубов

Ако сте во врска, овој месец ви носи одлични односи со саканата личност. Вашиот однос ќе стане поквалитетен и ќе чувствувате силна поврзаност. 

Ако сте слободни, ќе запознаете личност која ви одговара и емоционално и интелектуално, но највеќе ќе ве привлече нејзиниот изглед. Можни се силни чувства уште по првата или втората средба. Некои Шкорпии ќе се препуштат на страстите со личност со која досега се гледаа само повремено. Љубовните искуства во минатото можеби ве разочараа, но тоа не значи дека тие ќе се повторат. Тогаш кога ќе помислите дека немате среќа во љубовта, доаѓа вистинска љубов за вас. 

Здравје

Ќе бидете полни со енергија и постојано во движење. Овој месец ви носи одлично здравје.