Месечен хороскоп за март 2021: Риби

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Ова е период во кој работите ќе ви одат лесно и од рака. Ќе се чувствувате и дека работата ја завршувате со задоволство, што ќе го направи овој месец полесен од јануари и февруари. Се враќаат подобри денови на ова поле. 

Венера на 3 март прави конјункција со Уран што ви носи неочекуван напредок во преговорите со странство. Ќе успеете да се договорите за важни прашања поврзани со работата и лесно ќе стигнувате до успех. На 4 март, Марс влегува во Близнаци насочувајќи ве кон конкретни акции кога станува збор за сопствениот бизнис. Конјункцијата на Меркур и Јупитер носи можност да реализирате проект кој долго време сте немале храброст да го отпочнете.

Сонцето на 20 март влегува во Овен а ден потоа во Венера што ви носи силни вештини за управување со финансиите. Тригонот на Марс и Сатурн ви носи успех на полињата поврзани со индустрии и здравство.

Љубов

Ако сте во врска, конјункцијата на Меркур и Јупитер ви носи можност да донесе нешто ново во интимните моменти со саканата личност. Ќе чувствувате силна страст но и потреба да ги разберете и да бидете нивна голема поддршка. Проблемите кои ве мачеа изминатите месеци веќе си заминуваат и сега доаѓа можност да го оставите тоа позади себе. 

Ако сте слободни, почетокот на месецот можно е запознавање со личност која е ваша спротивност, некој кој е интелектуален и рационален тип. За некои Риби доаѓа до смирување со личност со која биле раздвоени одреден период. 

Здравје

Овој месец ви носи добро здравје, само е важно да бидете внимателни на исхраната.