Месечен хороскоп за март 2021: Рак

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Март ќе биде многу значаен за вас на сите полиња. Повторно сте во форма, ви се враќа оптимизмот и конечно можете да остварите што и да посакате. Дури и ако се соочите со непријатна ситуација, лесно ќе доаѓате до решение. Голем прилив на пари ви пристигнува од странство.

На 3 март, Венера прави секстил со Уран кој минува низ вашето поле на работа и кариера. Тоа ќе ви донесе можност да остварите приходи од неочекувани извори преку нови технологии и да почнете да штедите. На 4 март влегува во знакот Близнаци што ќе ве мотивира да се ангажирате околу сплетките кои некои луѓе ги прават околу вас на работното место. Ќе сакате да ја истерате правдата на виделина, но и да им помогнете на другите. 

Конјункцијата на Меркур и Јупитер ви носи голема заработувачка во иднина. Во втората декада на март, Сонцето и Венера прават конјункција со Нептун што ќе ви овозможи да почнете нов проект поврзан со дизајн или креативна работа. Меркур на 15 март влегува во знакот Риби, што бара од вас да бидете внимателни околу финансиите. Можни се отежнати околности на полето на платниот промет.

Сонцето и Венера прават секстил со Нептун во текот на март што ќе ви донесе успех на полето на услугите. Најголем успех ќе забележат оние Ракови кои се занимаваат со менаџмент, сметководство и козметички услуги. Сонцето на 20 март влегува во Овен, а ден подоцна во Венера што ви носи поддршка од една влијателна личност.

Невработените Овни во текот на март ќе имаат можност да се вработат на полињата поврзани со услуги, јавна администрација и финансии.

Љубов

Ако сте во врска, првата половина од март ви носи поддршка од саканата личност и складен однос во поголем дел од времето. Врската ќе биде полна со топлина и разбирање. Можно е и кратко патување кое ќе ви донесе зближување со партнерот.

Ако сте слободни, почетокот на месецот ви носи личност која е различна од вас, но која ќе ве привлече токму поради таквите разлики. Ќе откриете дека одлично се дополнувате и можно е кон крајот на месецот да започнете врска. Внимавајте и не влегувајте во никаква тајна врска, бидејќи тоа ќе ви донесе штета само вам. Некои Ракови ќе посакаат да ја обноват врската со личност од минатото, но тоа нема да оди така лесно.

Здравје

Март ви носи одлично здравје. Постојано ќе бидете во движење и ќе се трудите да се храните здраво. Потрудете се да внесете доволно витамини во вашата исхрана.