Месечен хороскоп за март 2021: Овен

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Негативното влијание на ова поле веќе конечно престанува и сега е момент да здивнете. Важно е само да гледате напред и да не се навраќате на некои грешки од минатото. Ситуацијата се подобрува за многу Овни, а особено значајно влијание ќе има на финансиите. 

На 3 март Венера прави секстил со Уран и ви носи неочекувана поддршка да остварите финансиска стабилност и да обезбедите финансии неопходни за работа. Ова особено се однесува на оние кои се занимаваат со приватен бизнис. На 4 март, Марс влегува во Близнаци што ќе ве прави немирни и постојано во движење. Ќе бидете насочени кон договорите, но повеќе на логистиката и техничкиот дел. Конјункцијата на Марс и Јупитер ви носи ќе ви донесе една убава соработка која ако ја негувате, ќе биде корисна за вас на долг рок.  Оваа работа може да ви донесе голем успех околу 15 март кога Меркур влегува во знакот Риби.

Секстилот на Сонцето и Венера со Плутон ви носи добро расположение и самодоверба, особено во работите поврзани со трговија, хуманитарни активности и здравство. Сонцето влегува во вашиот знак на 20 март, а ден подоцна и во Венера. Вашиот авторитет во работата ќе биде на високо ниво и ќе преземате повеќе одговорност и повеќе обврски на себе. 

Невработените Овни ќе добијат можност за вработување во областите ИТ, здравство и комуникации.

Љубов

Ако сте во врска, ќе успеете да внесете нешто ново во вашиот однос со саканата личност. Ќе успеете и да ги исполните своите потреби и желби, а конјункцијата на Венера со Нептун ќе направи да бидете и емоционално поотворени од вообиачено. Ќе ги покажете своите длабоки чувства и без импулсивност ќе успеете да разговарате за длабоки теми. Од 20 март започнува вашата сезона и навлегувате во еден од најдобрите периоди во годината. Ова влијание ќе ве прати и во текот на април, така што ќе бидете спокојни на полето на љубовта. 

Во втората половина на март, ќе чувствувате силна страст и ќе имате потреба повеќе време да минувате со саканата личност. Тоа ќе ја зголеми меѓусебната привлечност, а партнерот ќе има и повеќе барања од вас.

Ако сте слободни, почетокот на месецот ви носи запознавање со една креативна личност, која ќе ви се допадне на прв поглед. До средината на месецот веќе ќе се чувствувате како да сте ја пронашле својата сродна душа. Последниот дел од март ви носи сигурна заљубеност и почеток на љубовна врска. 

Здравје

Можни се алергиски реакции и хормонски проблеми, но во краткотрајна и лесна форма. Можен е пад на имунитетот во вториот дел од март, па затоа бидете внимателни.