Месечен хороскоп за март 2021: Лав

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Преминот на Јупитер во директен од на почетокот на март успешно ќе делува на вас. Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување, но и севкупно на начинот на кој и пристапувате на работата. 

На 3 март, Венера прави секстил со Уран кој поминува низ вашето поле на работата и ви овозможува да го унапредите својот бизнис ако се занимавате со сопствен бизнис. За останатите Лавови, ваквата поставеност на планетите носи можност за подобрување на финансиите, посебно со помош на еден од вашите соработници. На 4 март, Марс влегува во знакот Близнаци што ви отвора можност за почеток на нови соработки, особено на полето на ИТ, сообраќај и комуникации. Ќе бидете мотивирани да учествувате во групни потфати и да ја подобрите тимската работа.

Во вториот дел од март, Сонцето и Венера прават конјункција со Нептун што ви носи добро чувство за инвестиции и подобрување на платниот промет. Особен успех ги очекува оние Лавови кои се занимаваат со дизајн и менаџмент.

На 15 март, Меркур влегува во Риби што ве предупредува да бидете внимателни во финансиските трансакции и да избегнувате кредити и долгови. Особено успешни ќе бидат оние кои се занимаваат со убавина и козметика. 

Невработените Лавови ќе имаат можност за вработување во секторите поврзани со сообраќај, јавен сектор, право и образование.

Љубов

Ако сте во врска, Меркур во првата декада на март прави конјункција со Јупитер што носи подобрување на ова поле и добро разбирање со саканата личност. Заедничките планови ќе бидат големи, а еден на друг ќе си бидете голема поддршка.

Ако сте слободни, март ви носи одлична можност за почеток на љубовна врска која ќе трае долго. На средината на март ви се отвораат големи врати на љубовта. Ќе бидете заинтересирани за љубов и конечно ќе изберете личност што ви одговара. Можно е ова поврзување да дојде преку заеднички пријател. 

Некои Лавови ќе бидат подготвени да влезат во врска со личност со која се гледаат долго, но досега без обврски. Прифатете го овој предизвик. 

Здравје

Потребно е да минувате повеќе време во природа.