Месечен хороскоп за март 2021: Јарец

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

На почетокот на март би требало да го завршите она што го имате започнато во текот на февруари. Лесно ќе соработувате и ќе се договарате со своите претпоставени, а тоа ќе направи да се чувствувате поопуштено. Не чекајте, бидејќи крајот на месецот ви носи поволна шанса на ова поле која можеби никогаш веќе нема да се повтори. Совет од близок пријател би можел да ви помогне да се чувствувате подобро. Март е одличен за финансии и добивка.

Венера на 3 март прави секстил со Уран што ви носи неочекувано подобрување преку креативни проекти и иновации. Ова особено се однесува на Јарците кои работат на полето на образованието, дизајн и креативни индустрии, забава, комуникации и трговија. 

На 4 март Марс влегува во Близнаци што ви носи можност да почнете нешто ново на полето на услугите, особено оние кои се поврзани со сервисирање на автомобили и бела техника. Меркур прави конјункција со Јупитер што ќе ви помогне да бидете вешти и умни во однос на финансиите овој месец. Сонцето и Венера прават конјункција со Нептун а тоа ќе ве направи да бидете фокусирани на тимската работа и посрдечни кон колегите. 

На 15 март, Меркур влегува во Риби а тогаш треба да сте внимателни во однос на роковите и планирање на задачите, за да не пропуштите нешто важно. Невработените Јарци добиваат можност за вработување во секторите поврзани со комуникации, финансии, трговија и услуги.

Љубов

Ако сте во врска, ќе успеете да ја подобрите комуникацијата со саканата личност на почетокот на март а тоа ќе ви донесе неверојатно чувство на спокој. Ќе разговарате за заедничките планови и ќе имате многу согласувања во однос на тоа каде сакате да се движи вашата врска до крајот на годината. Потрудете се да излезете во пресрет во однос на емоционалните потреби на вашата сакана личност.

Ако сте слободни, можна е средба преку пријател со личност која многу ќе ви се допадне уште на прв поглед. Ќе се чувствувате добро покрај таа личност бидејќи ќе ви донесе некое ново чувство на позитивна енергија и смиреност. Ова е пријатно изненадување во вашиот живот, особено бидејќи имавте тежок период на ова поле изминатите месеци. 

Здравје

Променливо, можни се проблеми со органите за дишење.