Месечен хороскоп за март 2021: Близнаци

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Без оглед на непријатностите и стресот од изминатиот месец, март ви носи смирување на бурата на ова поле. Веќе по првата недела од март ќе добиете впечаток дека работите ви тргнуваат од рака. Лесно ќе ви биде да ги увидите сите проблеми и да ги решавате сите ситуации. Одлична состојба ве очекува и на вашето финансиско салдо. 

Венера на 3 март прави секстил со Уран и го забрзува остварувањето на некоја од вашите желби. Можете преку тоа лесно да најдете до напредок во кариерата или пак до промена во работното место. Успех ве очекува ако се занимавате со секторите здравство, дизајн, естрада и креативна работа. Марс на 4 март влегува во вашиот знак што ја подобрува вашата способност за управување и организација на работата. 

Ќе бидете постојано во движење и ќе се насочувате кон важните работи, одбивајќи да ја расфрлате енергијата насекаде. Меркур прави конјункција со Јупитер, што ќе ви помогне и да се истакнете на полето на образованието. Сонцето и Венера во втората декада од март прават конјункција со Нептун што ќе ви помогне полесно да ги прочитате потребите и барањата на клиентите и да блеснете на ова поле.

Меркур на 15 март влегува во Риби, каде е генерално слаб, но бидете внимателни во однос на планирањето и организацијата на важни проекти. Сонцето влегува во Овен на 20 март, а потоа и во Венера носејќи ви одлична личност која ќе ви помогне многу на полето на кариерата.

Невработените Близнаци ќе добијат шанса да се вработат во невладина организација, потоа на позиции поврзани со менаџмент и логистика, како и здравство, безбедност и образование.

Љубов

Ако сте во врска, конјункцијата на Јупитер и Меркур на почетокот на месецот ви носи можност да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Ќе уживате во отворените и забавни разговори, но и размена на мислења.  Втората половина на март ќе биде исполнета со нежни емоции и романтика, во што ќе уживате многу.

Ако сте слободни, првиот дел од месецот ви носи можност да се запознаете со личност со силен интелект и одлични комуникациски вештини. Ќе ја запознаете на некое патување или семинар. Можно е да почнете да се гледате, но да се чувствувате несигурно во нејзино присуство. Осигурајте се дека не брзате никаде, туку одете чекор по чекор. 

Некои Близнаци во текот на март ќе започнат комуникација на далечина, со личност од нивното минато или некој кој го запознале неодамна. Можно е некои Близнаци да се навратат на љубов од минатото и да се потрудат да ја оживеат љубовта. Можно е позитивно да бидете изненадени. 

Здравје

Можни се настинки на почетокот на месецот.Сепак, ќе бидете мотивирани да се занимавате со спорт и физичка активност, доаѓа и до подобрување на имунитетот.