Месечен хороскоп за март 2021: Бик

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на март.

Работа

Упорноста ќе ви се исплати овој месец и ќе ви донесе едно ниво на стабилност по кое одамна копнеете. Планетите би можеле да ви донесат и нова понуда за работа или ново работно место. Сите работи ќе се случуваат ненадејно, но не се плашете од промените бидејќи се позитивни. За некои работи ви се дава втора шанса, која од вас зависи дали ќе ја искористите. Можна е поддршка за работата и од некои членови од семејството.

Венера на 3 март прави секстил со Уран носејќи ви одлични можности да ги подобрите односите со колегите. Ќе добиете можност и да бидете координатор на еден тим или активност и поставеноста на планетите ќе ви помогне одлично да се справите со тоа. На 4 март, Марс влегува во Близнаци што ве насочува да решите некои финансиски прашања. Тоа ќе бара од вас постојано да сте во движење и фокусирани на повеќе работи истовремено, но овој проект може да се покаже како многу значаен за вашата кариера.

На 15 март, Меркур влегува во Риби што ве предупредува да внимавате на комуникацијата со колегите. Можни се проблеми во областите сообраќај, трговија и комуникации, но поддршка од луѓе и институции кои се занимаваат со технологија. 

Невработените Бикови ќе добијат можност да се вработат во областите ИТ сектор, градинарство, инжењерство.

Љубов

Ако сте во врска, Марс кој владее со вашето поле на љубов влегува во Близнаци на почетокот на месецот. Ќе бидете мотивирани да и дадете поддршка на саканата личност, да се ангажирате во остварување на заеднички цели и да комуницирате искрено. Ќе исполните некои важни ветувања, а можно е и да и подарите нешто убаво на саканата личност. Пријателите ќе одиграат важна улога во вториот дел од месецот.

Ако сте слободни, ќе трагате по личност која е динамична, полна со енергија и која ве мотивира. Едноставно нема да ги забележувате другите луѓе кои не се вклопуваат во ваквата слика. Можно е да запознаете интересна личност на работа, спортски терен или во природа, а ако тоа се случи брзо ќе развиете чувства за неа. Март ви носи и појасна слика за некоја личност од минатото. Некои Бикови ќе бидат во можност да размислуваат за врска со постара личност или пак некоја влијателна личност од нивното работно окружување. 

Здравје

Здравјето ќе ви биде стабилно во текот на целиот месец, но би ви годела психофизичка релаксација и одмор во природа.