Месечен хороскоп за мај 2021: Водолија

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на мај.

Работа

Овој месец можно е да добиете голема поддршка од влијателни личности и блиски колеги кои ќе ви помогнат да ги остварите замислените цели. Вашите планови можеби постојано ќе се менуваат и трансформираат, но сето тоа ќе биде успешно и ќе бидете задоволни во текот на целиот месец. 

Венера на почетокот на мај прави секстил со Нептун помагајќи ви да ги подобрите своите приходи, а ќе имате и одлично чувство во однос на роковите и сите обврски ќе ги завршувате на време. Успех ве очекува ако се занимавате со архитектура, градежништво и хемиска индустрија. Квадратот на Сонцето и Сатурн ве предупредува да бидете внимателни во однос на административните прашања и односот со надредените. 

На 4 мај, Меркур влегува во Близнаци што ќе ги подобри вашите организациски и комуникациски способности, а особен успех ги очекува Водолиите кои работата на полињата поврзани со забава, образование и односи со јавноста. Венера влегува во Близнаци на 9 мај што ви носи задоволство во извршувањето на своите обврски и можност да најдете љубов во работата.

Можни се тешкотии околу 26 мај кога ќе бидат намалени вашите раководни способности и ќе дојде до оневозможување на почетокот на некои проекти. 

Љубов

Ако сте во врска, доаѓа до турбулентен период за вас од многу аспекти. Квадратот на Сонцето и Сатурн носи мали несогласувања на почетокот на месецот. Пробајте да ја задржите својата смиреност и стабилност бидејќи ќе ви биде потребна овој месец. Немојте да бидете себични, мислете и на себе и на партнерот. Втората половина од месецот ќе биде поубава и ќе ви донесе интимни моменти со саканата личност и повеќе мир и хармонија. 

Ако сте слободни, можни се напади на лутина и бес бидејќи работите не се одвиваат онака како што вие посакувате или пак поради некоја пропуштена шанса. Ќе бидете незадоволни од својот емоционален и друштвен живот, но за некои аспекти ќе се обвинувате себеси. Важно е да се соочите со себеси пред да почнете да размислувате за друга личност. Можно е да запознаете личност со која ќе развиете взамени симпатии, но треба да оставите работите да се одвиваат бавно, по својот тек.

Здравје

Ќе бидете посветени на подобрување на своето здравје во текот на мај,