Месечен хороскоп за мај 2021: Риби

Прочитајте што ви носат ѕвездите во текот на мај.

Работа

Некои околности можеби ќе ги стават на тест вашите принципи, но сепак ќе најдете начин да останете доследни на себеси. Можеби ќе морате да донесете важни одлуки поврзани со вашата иднина, но не правете никакви импулсивни потези. Ако вашата работа зависи од некои преговори, бидете внимателни да не пропуштите некои важни детали.

На почетокот на месецот Венера прави секстил со Нептун што ќе ги подобри вашите способности за преговарање и ќе ви помогне да постигнете успех на ова поле. Квадратот на Меркур со Јупитер ви носи мали финансиски проблеми и ве предупредува да не трошите на непотребни работи, или пак прво добро да размислите. Можни се и тешкотии во плаќањата или во односот со надредените.

На 4 мај, Меркур влегува во Близнаци што ќе ви помогне подобро да се организирате во работата и да бидете задоволни од сработеното. Особен успех ги очекува оние Риби кои се архитекти или дизајнери. На 12 мај, Марс прави секстил со Уран правејќи ве покреативни и помагајќи ви да внесете иновации во работата. Можен е застој околу 26 мај кога ни доаѓа помрачувањето на Месечината.

Љубов

Ако сте во врска, вашата чувствителност ќе биде зголемена овој период па можно е да навлегувате во мали конфликти со саканата личност и тоа без причина. Ќе ви се чини дека немате поддршка од никого, а на саканата личност ќе и делувате збунувачки, па дури и себични. Потрудете се да дојдете до компромис и да го подобрите своето расположение со различни активности. 

Некои Риби кои се во врска можно е да чуваат тајни од саканата личност што може да ја наруши динамиката во односот, но и да предизвика оддалечување. 

Ако сте слободни, можно е да се чувствувате нервозно во интеракцијата со некои личности кои ви се допаѓаат. Употребете ја својата интуциија ако чувствувате дека нешто не е како што треба. Ќе се чувствувате многу подобро ако јасно ги изнесете своите очекувања и искрено и пристапите на другата личност. Некои Риби ќе наидуваат на личности кои се заинтересирани за нив, но кои нималку не ги интересираат, а други пак ќе се потрудат да се приближат до личност со која веќе некое време комуницираат. 

Здравје

Избегнувајте претеран напор и одмарајте повеќе.