Месечен хороскоп за мај 2020: Бик

Работа

Во текот на мај, ќе видите дека вашата позиција е прилично стабилна па ќе можете да правите планови за иднината. Покажете трпение и флексибилност, но секогаш имајте го на ум вашиот стрес кој некогаш ви го замаглува расудувањето. Не дозволувајте тоа да се рефлектира и на вашата работа. 

Љубов

Ако сте во врска: Потрудете се да ги контролирате своите емоции. Тоа особено се однесува на тоа да не дозволувате да ве совладаат бесот и немирот, а и да не допуштате моменталното незадоволство да донесе неочекувани потези. Во партнерските односи доаѓа до период кој едноставно морате да го издржите, а и да ја ставите другата личност на прво место, барем повремено. Штом сфатите што е најважно, тензијата ќе опадне и ќе можете да се вратите на убавата љубов. 

Ако сте слободни: И слободните Бикови се соочуваат со агресивни емоции кои имаат огромна моќ да ги преплават. Ништо нема да пропадне ако ја оладите својата глава малку и дишете длабоко. Без оглед на тоа дали сте лути на нечии постапки или едноставно самата ситуација ве прави вакви, потрудете се да се однесувате избалансирано и да размислите пред да делувате.

Здравје

Продолжете да бидете одговорни и не ги игнорирајте симптомите кои се јавуваат. Стресот ќе ве мачи во текот на целиот месец, па потрудете се некако да го канализирате. Слаба точка ви се флексибилноста и прилагодувањето, па тоа може да се одрази на вашите зглобови и кичма.