Месечен хороскоп за јуни 2023: Рак

Јуни го носи почетокот на вашата сезона. 

Работа

Крајот на мај ви донесе одредени вести, но ништо не беше толку конкретно колку што вие посакувавте. 

За родените во овој знак, јуни почнува релативно поволно бидејќи тоа ви носи можност за напредок на работното место. Жените некако ќе бидат поуспешни од мажите во овој период, без оглед на тоа со што и да се занимавате. Но, не претерувајте во желбата да доминирате, туку бидете флексибилни. Ако немате направено никакви грешки, не постои причина за страв. Напротив, успехот е пред вас. Можна е само мала збунетост на средина на месецот и тоа во комуникацијата со странските колеги. Некој ќе се потруди да ве поколеба или пак да влијае на вашата одлука, но во овој период, не треба да го дозволите тоа. 

На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец, ви носи среќна кулминација на нешто што сте го очекувале некое време. Тоа дополнително продолжува на 5 јуни кога Венера влегува во Лав во втората куќа на ресурси. Ова е одличен период да си го дозволите тоа што одамна го посакувате. 

На 11 јуни, Плутон го продолжува своето ретроградно патување и влегува во Јарец. Ова е одличен период да најдете добри навики кои ви помагаат да се одморите по долгиот напорен ден и потсетување дека одморот е клучен за да бидеме продуктивни на работното место. 

Заокружете го 18 јуни во својот календар бидејќи ова е ден кој е совршен за романса. Сезоната на Раковите почнува на 21 јуни што е одличен период за вас да замислите желба и да се изборите за она што го заслужувате. 

Љубов

За слободните Ракови, јуни носи можност за романса на работното место. Ќе бидете импресионирани и од луѓе кои често патуваат, кои се занимаваат со политика и кои се на добра позиција. Ако ви се допадне некој лекар или пак личност која се занимава со уметност, вие сте тие кои ќе треба да го направат првиот чекор. 

Ако сте во врска со спортист, или некој амбициозен партнер, ќе морате да сте спремни да правите компромиси, но и да попуштите во одредени аспекти. 

Конекцијата на Венера со Нептун на 2 јуни ви носи поттик да ги гледате работите низ розови очила. Тоа е убаво, но не се губете во идеализација на другите луѓе. 

Младата Месечина на 17 јуни ви носи убав момент да се одморите. Ако имате можност, заминете на кратко патување со саканата личност. 

На 26 јуни кога Меркур влегува во вашиот знак ќе бидете позаинтересирани да среќавате нови луѓе, а ова е транзит кој е особено позитивен за слободните Ракови бидејќи може да донесе нов партнер во нивниот живот. 

На 30 јуни, Нептун почнува да се движи ретроградно во Риби што може да извади некои тешки вистини на површина. Само бидете искрени во комуникацијата и сè ќе биде во ред. 

Здравје  

Можни се повреди при спортување.