Месечен хороскоп за јули 2022: Водолија

Ова е месец кој ви најавува летна романса.

Работа

Имате направено мали грешки во изминатиот период, па немојте да се чудите ако грешките ве стигнат овој месец. Не постои потреба да се објаснувате ако навистина сте згрешиле туку да преземете одговорност и да се извините. Што друго и да направите, нема да ви помогне. Потрудете се подобро да се организирате овој месец и да завршите се што е потребно. 

Ако се соочите со неволји, важно е да се поврзете со вашите блиски и да побарате помош и совети кои сигурно ќе ви помогнат. Овој месец е важен за да пронајдете баланс меѓу вашиот личен и професионален живот, па голем дел од фокусот ќе ви оди во таа насока, особено околу 5 јули кога Марс влегува во Бик. 

Полната Месечина во Јарец на 13 јули ви носи можност да се ресетирате и со нова свежина да и пристапите на работата. Одморете добро околу оваа дата, бидејќи само одморот и балансот ќе ви помогнат да бидете подобри. 

Младата Месечина во Рак на 28 јуни ви носи успех во новите потфати, па затоа бидете храбри во она што го правите. Тоа ќе ја интензивира вашата самодоверба и ќе ви донесе можност да бидете и задоволни со себеси со она што ќе го постигнете.

На 31 јули ќе се чувствувате особено креативни и ќе можете да се посветите на проектите и да бидете иновативни. 

Љубов

Вие сте мајстор да се извлечете од непријатни ситуации. Но, не претерувајте. Немојте да ја манипулирате саканата личност бидејќи тоа може да ви донесе проблем. 

Слободните Водолии лесно се поврзуваат со личности родени во знакот Лав, кои не можат да му одолеат на вашиот шарм. 

На 17 јули романтичната Венера влегува во Рак и ви носи убаво летно чувство. Ќе бидете романтични и расположени за љубов. На 19 јули со влегувањето на Меркур во гордиот Лав ќе имате можност да бидете експресивни и да комуницирате во љубовта. 

Сезоната на Лавовите почнува на 22 јули, а таа ви носи големи љубовни промени. Младата Месечина на 28 јули ви носи поддршка од ѕвездите во вашиот љубовен живот без оглед на вашиот статус. Овој транзит вообичаено носи нови почетоци. 

Здравје

Здравјето е одлично.