Месечен хороскоп за јули 2022: Вага

Јули носи интересни настани во вашиот социјален живот.

Работа

Вие имате мирен екстериер, но тежнеете кон совршенство додека другите прифаќаат среден успех. Ова е месец во кој ќе бидете особено фокусирани на кариерата и иако финансиите ќе дојдат непчекувано, ќе успеете да тежнеете кон успехот и да одлучите каде сакате да бидете во иднина. Славете ги малите победи, но подгответе се и за голем успех, овој месец.

На 5 јули кога Марс влегува во Бик подгответе се за неочекуван финансиски прилив кој може да дојде од наследство, блиска личност или пак лотарија. Ова е ден кога можеби и ќе го добиете долгоочекуваното покачување на платата. Парите ќе доаѓаат од неочекувани извори овој месец. 

Полната Месечина на 13 јуни во вас ја буди амбицијата и желбата да успеете. Ентузијазмот ќе остане со вас и со почетокот на сезоната на Лавовите на 22 јули. Младата Месечина на 28 јули ви носи можност да се изразите и подобро да се поврзете со другите во вашиот тим.

Но, само бидете внимателни бидејќи можно е да имате многу идеи кои не знаете како да ги реализирате. Тоа е исто како да ги немате. Потребна ви е иницијтива, но и јавно да споделите она што го имате зацртено и да најдете поддршка меѓу другите. 

Љубов

Ова е месец во кој ќе бидете шармантни и посакувани од многумина. Меркур влегува во Рак на 5 јули и ви носи многу покани за дружење, па што и да одлучите да направите, немојте да останете дома. Тоа е дата и кога Марс влегува во Бик па ќе бидете расположени да флеертувате и освојувате. Немојте да се изненадите ако најдете личност која сосема ќе ве освои или се најдете во нова фаза во вашата врска.

Полната Месечина на 13 јули може да донесе драма во вашите љубовни односи, па затоа најдобро е овој транзит да го поминете сами, посветени на работите кои ве прават среќни.

На 17 јули со влегувањето на Венера во Рак ве очекува продлабочување на вашите романтични односи. Ова е уште еден ден кој носи можност да ја сретнете вашата сродна душа во текот на јули.

Здравје

Проблеми со високите температури.