Месечен хороскоп за јули 2022: Стрелец

Ова е месец кој ве потсетува како да ја сочувате вашата позитивна енергија. 

Работа

Овој месец ќе се најдете во одлична ситуација да влијаете на вашиот професионален договор. Не постои причина за лажна скромност бидејќи ќе бидете брилијантни на вашето работно место. Послушајте го советот од вашите постари колеги или пријатели бидејќи иако сте успешни, тие може да ви дадат нова перспектива во работата. Ова е вистинско време и да ја искористите поддршката од надредените и соработниците.

За некои Стрелци можно е патување во странство, кое може да ја подобри вашата финансиска ситуација. Тоа може да донесе огромен напредок за вас. 

Вие сте генерално оптимистична личност, но јули ви носи и сигурна среќа на ова поле. Универзумот е на ваша страна и можете да постигнете многу работи. Само посакајте. 

Само бидете внимателни околу 5 јули кога Марс влегува во вашата куќа на здравје и работа и ви носи критицизам кон себеси, но и луѓето околу вас. Пробајте да не трагате по совршенството сега и да се потсетите на грешките кои ве прават човек. Немојте да бидете импулсивни и внимавајте што кажувате и како го кажувате тоа. 

Полната Месечина на 13 јули е во Јарец и ви носи можност да утврдите дали се исполнети вашите желби и потреби. Ова е и период кој ви носи и можност да ги соберете плодовите од вашиот успех. 

Младата Месечина на 28 јули ви носи потреба за одмор, но и можност да ги наполните батериите. Ова е и одличен период да си поставите нови цели и да направите распоред на нивно исполнување. 

Љубов

Можно е да ви е тешко да ги изразите своите емоции бидејќи вие сте независен знак кој нема проблем со тоа да биде сам. Но, на 5 јули кога Меркур ќе влезе во слаткиот Рај ќе посакате искрено да ги покажете своите чувства пред една посебна личност и да видите каде ќе ве однесе тоа. На истиот ден, Марс влегува во Бик па ќе ви биде потребна страст за да се чувствувате силно и посакувано. Само, потрудете се да изградите граници и јасно да и покажете на другата страна што е во ред, а што не е за вас. 

Стрелците кои се во врска треба да сфатат дека не можат да си играат со оган и да седат на две столици. Добро размислете за тоа како вашите чекори се рефлектираат на вашата врска. Заборавете на старите проблеми со саканата личност и фокусирајте на она што го имате во моментот. 

19 јули е одличен момент да се поврзете со нова личност или да отидете на љубовен состанок, но и да ја продлабочите врската ако сте долго со таа личност.  Сезоната на Лавовите почнува на 22 јули и таа ви носи потреба за забава и многу оптимизам. Нема да сакате да минувате време дома, туку најважно ќе ви биде да сте меѓу другите каде големи се шансите да ја запознаете својата сакана личност. 

Здравје

Проверете ги крвната слика и крвниот притисок.