Месечен хороскоп за јули 2022: Рак

Не дозволувајте им на другите да ве потценат овој месец, драги Ракови. 

Работа

Јули е месец за одлична комуникација. Ако сте планирале разговор поврзан за промена на работното место или пак зголемување на вашиот финансиски прилив, сега е вистинската можност за тоа. Ќе имате поддршка од надредените, кои дури ќе ви понудат и унапредување. Можно е да добиете и понуда за работа од странска компанија која ќе ви понуди одлични услови, но добро размислете пред да донесете одлука. Потпрете се на својата интуиција. Многу Ракови чувствуваат замор и желба да отпатуваат некаде па макар и на ден-два. 

Почетокот на месецот ви носи голем фокус на финансиите, па важно е да пробате да штедите и да видите како тоа ќе се одрази на вашата банкарска сметка долгорочно. 

На 5 јули со влегувањето на Марс во Бик ќе успеете да се навратите на една соработка од минатото или пак да се поврзете повторно со некој колега.  Тоа може и да биде препорака за нова работа или пак понуда за соработка. Не ја игнорирајте пораката ако стигне до вас. 

Околу 17-19 јули е најдобар период да потрошите малку за себеси и да си купите подарок за вашиот роденден. Младата Месечина на 28 јули ви носи нови почетоци, а особено треба да ги држите очите отворени кон новите можности на 31 јули. 

Љубов

По цел јуни поминат во анализа на вашите емоции и искуства, следните недели ќе ви донесат можност конечно да се изразите како се чувствувате. На 5 јули, со влегувањето на Меркур во вашиот знак ќе ги добиете и одговорите кои ви се потребни без оглед на вашиот љубовен статус. Полната Месечина во Јарец на 13 јули ви носи уште една можност да ги покажете своите емоции, но со оглед на тоа дека ќе бидете особено емотивни, внимавајте да не бидете сфатени погрешно. 

Раковите кои се во врска можно е да се најдат во ситуација да ја најдат саканата личност во лага, па сомнежот ќе се раѓа во вас постојано во текот на месецот. Ќе ги проверувате сите нивни зборови. 

Слободните Ракови сакаат да се дружат и почесто да излегуваат, но така најверојатно ќе запознаат интересна личност која ќе им го украде вниманието. Сега е вистински момент за емоции. Обрнете внимание на тоа да не се плашите од емоциите, дури и по цена да направите погрешна проценка. 

Здравје

Можни се проблеми со штитната жлезда.