Месечен хороскоп за јули 2022: Овен

Ова е месец кој ве става во центарот на вниманието, а вие ќе уживате во тоа. 

Работа

Професионалниот хороскоп за јули ве става во позиција да ги покажете своите лидерски способности, но не и да бидете импулсивни. 

За среќа, околу 5 јули ќе се чувствувате поведро и порасположено и ќе сфатите дека не морате да ги водите сите битки самите.  Тогаш вашата планета Марс влегува во Бик  во вашата втора куќа, што може да ви донесе силен фокус на практичните теми, како што се вашите финансии. Ова е период кога лесно и брзо ќе ги завршувате работите, а можно е да добиете понуда за работа или долгоочекувано унапредување. Ќе бидете горди на себеси и ќе посакате да го прославите ова со најблиските, но не обрнувајте внимание на оние кои покажуваат завист. На истиот ден, Меркур влегува во Рак и ви носи желба за соработка и тимски дух. 

На 13 јули со полната Месечина во Јарец, вашиот успех ќе биде огромен што може да ги направите другите љубоморни на вашиот успех. Држете се до луѓето кои ги сметате за блиски и не обрнувајте внимание на нештата кои ви предизвикуваат стрес, а не можете да ги промените. 

Сонцето во Рак ви носи успех и резултат за вашите искрени напори на ова поле, па околу 16 јули полесно ќе биде забележуван вашиот влог во работата и ќе бидете почитувани и ценети од надредените.  На 19 јули, ќе бидете расположени да им помагате на другите и ќе бидете огромна поддршка за колегите кои се соочуваат со стрес и премногу работа. 

Аспектите на Марс, Јупитер и ретроградниот Сатурн ви носат неочекувани ситуации во кои животот би можел да ви се промени од корен на ова поле. Но, останете внимателни и не трошете премногу, а ако работите се сменат преку ноќ и добиете неочекувани понуди, добро размислете пред да скокнете кон непознатото. Сепак, поддршката од некои најблиски колеги и вашето семејство ќе го направи ова патување многу полесно. 

Ако барате работа, вториот дел од месецот ќе биде прилично успешен за вас. На 28 јули ќе успеете да се поврзете со некое ваше заборавено хоби и да го претворите во вистинска работа за вас. 

Љубов

Многу претставници на овој знак во јули ќе бидат насочени кон слободата, па тоа може да донесе измешани чувства ако сте во врска со партнер кои има големи очекувања во однос на блискоста со вас. За да го избегнете ова, зборувајте искрено и отворено и споделете ги своите потреби со саканата личност. Голем дел од времето ќе бидете насочени кон своите најблиски и ќе посакате многу време да минувате со своето најблиско семејство. 

Добро е тоа што Венера е присутна во вашата втора куќа во првиот дел на месецот што значи дека ќе обрнувате големо влијание на домот и семејството, но дозирано, со баланс во однос на слободата која ви е важна. Ова ќе биде период на лично задоволство за вас, но бидете внимателни да не ја повредите саканата личност и да се оддалечите целосно. 

Некои Овни во текот на јули конечно ќе добијат храброст да прекинат долгогодишна врска и да тргнат кон нешто ново. Ако сте биле несреќни досега, време е да уживате во среќата конечно. Не се плашете од новите почетоци.

За слободните Овни доаѓаат многу интересни романтични ситуации, но не брзајте да влегувате во врска. Уживајте во тоа што ви го носи летото, а донесете одлука што сакате дури откако ќе ја запознаете подобро другата личност.  Во вториот дел од месецот ќе успеете да ставите крај на некои работи од минатото и конечно да почнете да спиете нормално. Но, можно е враќање во вашиот живот на личност со која сте влегле во конфликт неодамна. Ваквото соочување ќе ви биде тешко, но ќе ви донесе голема животна лекција. Тоа ќе се случи околу 17 јули, па бидете внимателни како ќе постапите. 

Голема храброст и желба за романса и страст ќе имате околу 22 јули кога почнува сезоната на Лавовите во вашата петта куќа на страста, љубовта и задоволството. Тоа е ден и кога Меркур почнува да се движи низ најромантичниот сектор и ве прави неодоливи за другите. 

Големи промени во вашиот љубовен живот доаѓаат на 28 јули кога настапува младата Месечина во Рак. Ќе бидете возбудени за иднината и промените кои таа ги носи. 

Здравје

Можни се проблеми со холестеролот. Потрудете се да ја подобрите и физичката активност.