Месечен хороскоп за јули 2022: Лав

Ова е месец за напредок и еволуција. 

Работа

По долго време, на почетокот на месецот ќе посакате да си поставите финансиски цели до кои ќе се држите долго. На 5 јули, кога Марс влегува во Бик, ќе бидете мотивирани да рушите рекорди и да ги надминете очекувањата. Но, успехот може да дојде подоцна во текот на месецот, па затоа бидете подготвени за тоа. 

Не трошете премногу околу 13 јули кога полната Месечина е во Јарец. Ако сакате да си купите нешто луксузно, не трошете пари ако тоа навистина не ви е потребно. 

Успевате да постигнете многу во кратко временски период, но советот од ѕвездите е да се опуштите и да уживате во плодовите од успехот. Ова е месец кога ќе треба да бидете особено дипломатични за да дојдете до посакуваниот успех. Вие секогаш постапувате мудро во работата со аргументи, но некогаш знаете да носите оган во себе, на кој ќе треба да заборавите во текот на јули. Не морате другите да ги убедувате дека сте во право, туку верувајте во себе.

Почитувањето на роковите е клучно за да добиете поддршка од надредените, а така ќе се сложат коцкичките и ќе имате успешен месец. Ја имате неопходната поддршка која ви е потребна за да истуркате некои работи. Некои Лавови ги очекува службен пат во странство. 

Крајот на месецот, околу 31 јули ќе треба да се подготвите за кариерна трансформација. Можно е да се решите за нова работа или пак сосема нова кариера каде ќе најдете повеќе инспирација. 

Љубов

Љубовта постојано ќе ви биде на умот овој месец, а вие сте знак кој е управуван од срцевата чакра. Но, што и да направите, обрнете внимание на тоа да знаете точно што сакате. На 4 јули можно е да се фокусирате на платонска љубов, но ќе биде важно да најдете време за романса и да изградите искрен однос со другата страна. Ова е период и кога ќе имате силна сексуална енергија, па ако сте во врска ќе можете да се поврзете со саканата личност. 

Полната Месечина на 13 јули е идеален периид да сфатите што сакате и да се изборите за тоа, без оглед на вашиот љубовен статус. 

Вие сте мајстор за да направите проблеми дури и таму каде ги нема. Добро размислете за своите постапки и сфатете дека не сте безгрешни и извинете се онаму каде сте претерале. Слободните претставници на овој знак флертуваат со многумина, но штом треба да направат нешто погрешно, ги снемува. Не си играјте со оган. Лавовите кои се во врска треба да поработат на враќање на довербата во љубовниот однос, па овој месец е во фокус на тоа.

Одличен период за почеток на врска е 19 јули кога е важно да сте меѓу луѓето. Вашата сезона почнува на 22 јули кога ќе бидете самоуверени, но и неодоливи и посакувани од другите. Тоа е идеално време да среќавате нови луѓе и да флертувате. Младата Месечина на 28 јули ви носи уште една можност за нови почетоци. 

Здравје

Лошо расположение.