Месечен хороскоп за јули 2022: Девица

Јули ве инспирира да бидете храбри.

Работа

Во текот на јули, можно е кратко службено патување кое ќе ви биде добредојдено за да можете да го разбистрите умот и да добиете нови идеи за работата. Ќе имате поддршка од вашите надредени, но важно е да се дистанцирате од лошите приказни околу вас. Не навлегувајте во озборувања и не се докажувајте пред луѓе на кои немате што да им докажете. Овој месец ќе бидете инспирирани и да се фокусирате на финансиската ситуација што значи дека голем фокус ќе биде на вредноста. До 19 јули, инвентивниот Меркур ќе ви помогне да заштедите и да се подготвите за есенските месеци. 

На 13 јули, полната Месечина во Јарец ви носи можност да ги слушнете другите и да ја земете нивната перспектива предвид. Прифатете ги грешките кои ги имате направено и извинете се ако е тоа потребно. 

Некои идеи кои претходно сте ги предлагале ќе дојдат на дневен ред во текот на јули, а во меѓувреме, мирно молчете за своите предлози бидејќи во спротивно, би можеле да бидете непријатно изненадени. Еден близок соработник може да ве изневери. 

Месецот ќе го завршите со една голема авантура во потрага по нови искуства и знаења. Креативната енергија е особено засилена во овој период. 

Љубов

За слободните Девици, ова е идеален период за нова сентиментална врска. Не морате ништо да правите во однос на тоа прашање, важно е само да им дадете шанса на новите личности во вашиот живот, а тоа ќе ви помогне да ја најдете сродната душа. Препуштете се на моментите. 

Девиците кои се во врска ќе имаат поддршка од семејството, но внимавајте да не потпаѓате на туѓите очекувања. Во вашата врска владее љубов, меѓусебна доверба и секогаш заедно ги решавате своите проблеми. 

На 13 јули околу полната Месечина ќе имате длабоки разговори со саканата личност за некои нешта од минатото и ќе сфатите дека врската не мора да биде совршена за да функционирате одлично. На 28 јули, Јупитер почнува да се движи ретроградно и ви носи измешани емоции во вашата осма куќа на интимност. Ќе се соочите со вашите најголеми стравови и ќе утврдите што не функционира за вас во љубовта. Ова може да донесе некои луѓе назад од вашето минато. 

Здравје

Движете се повеќе.