Месечен хороскоп за јули 2022: Бик

Иако посакувате мирен јули, овој месец ве очекува токму спротивното.

Работа

Ова е месец кој ви носи теми поврзани со финансиите и професионалниот развој. Вашата енергија ќе биде особено креативна и ќе ви донесе добра иднин. Ќе се чувствувате фокусирано и сконцентрирано во текот на целиот месец и тоа ќе ви донесе можност да завршите многу важни проекти. Ќе изградите доверба со вашиот тим и ќе се чувствувате како да сте победиле важна битка.

На почетокот на јули, амбициозниот Марс ќе биде во вашиот знак што ќе ви донесе нова енергија и идеи. Некои Бикови ќе посакаат да преземат голем поттик -  да почнат нова работа, да се преселат во нова држава или пак да ја сменат професијата. Тоа ќе биде дополнително поттикнато од полната Месечина во Јарец на 13 јули која ќе ви донесе потреба да оставите некои работи зад себе и да се насочите кон големи нешта. Ова е период на силни амбиции, па затоа врзете ги појасите и подгответе се за ризици. 

На полето на финансиите, работите ќе бидат малку специфични и ќе се чувствувате ограничено. Ќе посакате да заработувате преку дополнителна работа и проекти, но тоа нема да ви оди така лесно овој месец, особено на почетокот. Можеби ова ви е порака од универзумот дека треба да успорите и да одморите. Не е дека нема да имате можности, но избирајте го она што не ви носи преголем стрес и што не бара огромен напор од вас. Периодот е поволен за нешто што ќе ви одговара околу 18 јули. 

Околу  22 јули, со почетокот на сезоната на Лавовите ќе бидете интроспективни за тоа што ви е потребно и кои луѓе ви носат добра енергија и поддршка во работата. Ќе размислувате многу, а конечните одлуки ќе ги донесете околу 28 јули со поддршка од младата Месечина во Лав. Големи одлуки и промени се на прагот на вашиот живот во овој период. На истиот ден, Меркур минува низ Лав и ви носи мотивирачка енергија и огромна сила да испробате нови нешта во вашата кариера. 

Љубов

Крајот на јуни ви донеси убави нешта на ова поле благодарение на вашата владетелка Венера, но јули ќе биде уште поубав. Ова е еден од најубавите месеци кога станува збор за љубовта, без оглед на вашиот статус. Како што ќе се стоплува времето, така ќе биде и во вашето срце.  Ве очекува хармонија, но и нова енергија која ви носи отвореност за нови искуства. Не само што ќе бидете отворени кон љубовта, туку и кон многу нови познанства и дружење со вашите сакани. 

Ова поле ќе биде особено богато во втората недела од месецот, кога оние кои се во врска ќе се зближат со саканата личност, а Биковите кои не се во врска ќе бидат изненадени. Ќе ја почувствуваат промената во воздухот и таа ќе им се допаѓа. Можно е некоја личност од вашата околина да ги изрази искрено своите чувства. Но, не реагирајте лошо, туку оставете си простор да размислите и не се плашете од промените. 

На 5 јули, Марс влегува во вашиот знак носејќи ви страст и силна жештина во вашиот љубовен и сексуален живот. Поврзаноста која ќе ја чувствувате кон друга личност без оглед на вашиот статус ќе биде како вулкан подготвен да експлодира. На истиот ден, Меркур влегува во Рак и ви носи можност да водите важни разговори со кои ќе си разјасните важни нешта – за себеси, но и за другата личност. 

На 17 јули, Венера влегува во Рак и ви носи важни разговори повторно, но ова е период кога не треба да се грижите за нешто, бидејќи комуникацијата е клучна. За некои Бикови, ова е значаен момент кога ќе ја однесат врската на едно повисоко ниво. 

На 22 јули, Венера влегува во вашата втора куќа на самодоверба, а тоа ќе ви донесе храброст и поттик да ги изразите своите чувства. Со младата Месечина во Лав која доаѓа на 28 јуни ќе успеете да го постигнете во љубовта, она што долго сте го посакувале. Со малку напор, се што ќе посакате ќе биде ваше. 

Последната недела од јули е најдобра за одмор, особено за оние кои не се заљубени и би можеле да се заљубат во нова личност на нивното патување. 

Здравје

Ова е месец на подобрување на исхраната и градење подобри навики.