Месечен хороскоп за јули 2020: Шкорпија

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Морате да внимавате на буџетот, планирањето и вашите цели. Лесно ќе ви оди извршувањето на тековните работи и тоа ќе го правите со невидена леснотија. Сепак, време е да се посветите на тоа што сакате да го постигнете до крајот на годината. Бидете внимателни со нови договори и финансиски трансакции.

Љубов

Ако сте во врска: Имате впечаток дека саканата личност манипулира со вашите чувства. Но, треба да знаете дека вашата сомничавост и љубомора се резултат на вашата сопствена несигурност. Постојано анализирате, се измачувате со работи во вашата врска, но тоа не ви носи никаков заклучок освен бес, па затоа можеби е најдобро да ја смените стратегијата. 

Ако сте слободни: Слободните Шкорпии се во свој елемент - мрачно расположение, силни страсти и желба за авантура. 

Здравје

Психосоматски проблеми.