Месечен хороскоп за јули 2020: Риби

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Ова е многу продуктивен период за Рибите кои се занимаваат со креативна работа. Можеби ви е тешко да се носите со сите промени на работното место бидејќи чувствувате дека ви е потребно време, но ќе успеете што и да замислите. Самодовербата е клучно нешто што ви е потребно овој месец. 

Љубов

Ако сте во врска: Време е да се запрашате што сакате, а потоа тоа да го искомуницирате со саканата личност. Не е време за големи одлуки, но сега е време за разговор. Партнерските односи се огледало во кое можете да се видите себеси во другата личност, а ова е месец кога ќе го сфатите тоа. Дозволете и на саканата личност да биде покрај вас со својата поддршка.

Ако сте слободни: Слободните Риби  би можеле да се заплеткаат во комплицирани односи, особено ако ги кршите своите принципи, а другата страна не го прави истото за вас. Не се вложувајте со силни чувства за личност која не ја познавате добро.

Здравје

Насочете се кон физичка активност за да се ослободите од стресот.