Месечен хороскоп за јули 2020: Лав

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Се отвораат многу можности на ова поле. Дел од нив се однесуваат на професионален развој, а за некои Лавови стигнува и понуда за работа. Ако сте фокусирани на некој долгорочен проект, можно е работите малку да стопираат, но тоа нека ви биде можност да преиспитате каде сакате да одите понатаму.

Љубов

Ако сте во врска: Во врските кои сега се формираат, ова ќе биде период на длабоко поврзување и блискост, но ако сте во брак или долга врска, можно е да дознаете некои работи за саканата личност кои ќе ве погодат. Пред да реагирате бурно, средете ги мислите, а потоа седнете и разговарајте. Не се мачете со претерана анализа, туку поставувајте директни прашања.

Ако сте слободни: Слободните Лавови ќе бидат блескави и харизматични. Ќе се предадете на љубовта, па овој месец ќе ви годи што сте сакани (како и секогаш).

Здравје

Можни се проблеми поврзани со хормоните. Потребно е и да се храните поздраво.