Месечен хороскоп за јули 2020: Јарец

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Овој месец ќе се занимавате со осигурување на своето работно место, а тоа ќе ве истошти. Не се трудете да ги туркате работите под тепих, туку потрудете се да одите чекор по чекор темелно, како што вие најдобро знаете. Не си поставувајте преамбициозни цели кои не можете да ги исполните.

Љубов

Ако сте во врска: Проблемите во врската овој месец ќе бараат поинаков пристап. Ако досега ги игнориравте испадите и барањата на саканата личност, овој месец ќе треба да се заземете за себе, за своите потреби и барања. Саканата личност ќе биде изненадена, а можеби и лута, но важно е да држите до себе.

Ако сте слободни:  Слободните Јарци ќе бидат во круг на влијателни луѓе, а тука можни се некои љубовни искри. За вас се испреплетуваат професионалниот и емоционалниот дел, но тоа ќе ви годи овој јули. Уживајте.

Здравје

Пад на енергијата. Можни се и проблеми за хронично болните.