Месечен хороскоп за јули 2020: Девица

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Се отвораат нови хоризонти, а можна е и награда за некои Девици. Ова е добар месец за правење планови за иднината, вложување и можеби и нова работа. Одредете приоритети и направете распоред за делување, за да избегнете нервоза и напнатост.

Љубов

Ако сте во врска: Може да се најдете во ситуација да нудите помош на партнерот, но бидете внимателни ако другата страна не го бара тоа од вас. Почитувајте ја нивната потреба самите да се изборат со ситуацијата, а бидете покрај нив. Не се плашете од тоа дека љубовта ја нема веќе само поради тоа што саканата личност се занимава со други работи.

Ако сте слободни: Ова ќе биде активен месец за слободните Девици - ќе бидете насочени на сите страни. Постои голема шанса да запознаете интересна личност, но ќе се поставите како да не сакате да споделите се со нив, барем не на почетокот. Во фаза сте кога мислите дека никој не ве разбира.

Здравје

Намалете го шеќерот.