Месечен хороскоп за јули 2020 : Бик

Прочитајте што им носи јули на родените во овој знак.

Работа

Можеби ќе се чувствувате како да балансирате многу работи на граница на пропаст, но овој месец ќе ви покаже колку многу можете да постигнете. Ова е добар период за вложување пари во образование и развој. Ако соработувате со другите, потрудете се да постигнете компромис, без да го наметнувате своето мислење. Овој месец ќе имате можност да стекнете знаење кое ќе ви биде од корист.

Љубов

Ако сте во врска: Време е за соочување и промислено однесување. Ако не сте задоволни како се однесува партнерот кон вас, потрудете се искрено да разговарате за тоа, а да не префрлате и кажувате нешто што и самите не можат да го разберат. Разговарајте со саканата личност, покажете им дека ви значат. Во втората половина од месецот, можни се планови за иднината.

Ако сте слободни: Слободните Бикови ќе се занимаваат со своите чувства преку рефлексија и интеракција со другите. Ќе бидете во ситуација да ги разгледате своите реакции и постапки, а и ќе се зачудите што се можете да постигнете. Без оглед на тоа дали сте задоволни или незадоволни со себе, ќе научите многу за себе. 

Здравје

Потрудете се да се ослободите од лошите навики. Можни се мали проблеми со кичмата овој месец.