Месечен хороскоп за јули

Јули го носи роденденот на Раковите. Но, што носи хороскопот за останатите знаци?

Овен

Јули за Овните носи многу случувања кои се поврзани со групни активности и пријателите. Тие ќе имаат поголема желба да работат во група со своите колеги, но ова е област која исто така може да донесе и конфликти. Бидете подготвени за намалување на енергијата во текот на овој летен месец.

Во деновите од 10-15 јули ве очекува огромен успех на работното место.

Бик

Во јули ќе се посакате да ја сретнет својата сродна душа, а добрите вести е дека тоа ќе се случи. Во деновите од 9-16 јули, бидете подготвени за авантура и неочекувани средби. Многу можно е да ви се врати личност од минатото кај која повторно ќе сакате да паднете во љубовни прегратки.

На работното место ве очекуваат предизвици.

Близнаци

Овој месец, до 26 јули ќе бидете хиперактивни и ќе посакувате да бидете на тронот, на сит јавни сцени и излегувања. Ќе имате потреба на сите да им покажете колку знаете и колку е убав животот. Почетокот на месецот може да биде означен со некаков конфликт бидејќи ќе бидете оптеретени со многу стрес и нервоза. Сепак, јули е совршен месец за да се одморите.

Рак

Среќен роденден за Раковите. Овој месец ќе имате зголемена креативност, но и шанса да ја претворите во реалност. Во деновите од 10-16 јули бидете подготвени за убави љубовни случувања кои ќе имаат огромно значење во вашиот живот.

Лав

Драги Лавови, и вам ви доаѓа роденденот. Почетокот на јули носи убави идеи на работа, а за некои ќе дојде и почетокот на реализација. Особено добри моменти доаѓаат во деновите од 5-10 јули кога се насмевнува и нова љубов. Финансиската ситуација може да се подобри во деновите од 10-15 јули.

Девица

До 26 јули, Меркур се движи во Лав и ве повикува да бидете јасни, видени и особено истакнати пред другите. Ќе имате потреба да бидете гласни и на сите им да ја кажете својата вистина. Другите можеби нема да ве разберат и прифатат, но барем овој месец нема да ви биде грижа за тоа.

Од 10 јули ве очекуваат убави љубовни средби.

Вага

За Вагите, ова е месец кога можат да сонуваат за совршен љубовник,но и месц кога тој неочекувано ќе дојде во нивниот живот. Јули носи донесување на важни одлуки кои можеби ќе ги изненадат другите.

Првата половина на јули ќе биде особено успешна, бидејќи носи убави можности на работното место и големи успеси.

Шкорпија

Владетелот на вашиот знак, Марс овој месец ве повикува на лудории, авантура и ризик,но бидете внимателни. Особено внимавајте на почетокот на јули кога е можно да направите грешки кои скапо ќе ве чинат.

Љубовните случувања ќе бидат убави и присутни на големите собири со пријателите.

Стрелец

Овој месец носи многу сонување за тоа што го сакате. Ќе бидете умствено хиперактивни и вашиот ум ќе оди насекаде. Ова е добар период за нови идеи, но и стекнување на ново знаење.

Љубовта не носи големи случувања. Работите се статус – кво.

Јарец

Првата половина на јули за вас носи хармонија во партнерските односи. Ако моментално сте осамени, постои можност за нови познанства од кои може и да настане врска, особено во периодот од 10-15 јули.  Ќе ве привлекуваат оние кои се различни од вас.

Водолија

За вас, јули носи стабилизација, но и можност за напредување на работното место. Ќе започнете нови и важни проекти, особено во првата половина на месецот. Можно е во вас да настане збунетост дали да работите напорно или пак да земете неколку денови одмор, така што на вас останува да ја донесете најдобрата одлука.

Риби

Овој месец ќе се насочите на работата која ја работите, но крајот на јули може да донесе конфликти и недоразбирања.

Но, љубовта ќе цвета. На осамените им доаѓа нова љубов, а оние кои се во врска ќе донесат одлука за започнување нов живот.