Месечен хороскоп за февруари 2023: Шкорпија

Ова е месец во кој сте подготвени да направите чекор напред.

Љубов

Крајот на јануари донесе искри на ова поле за вас, особено од аспект на нови љубовни можности, но и дополнителна привлечност за оние Шкорпии кои се во врска. Ова  е сега месец во кој треба да продолжите со истата енергија. 

Вие важите за знак на кој работата и парите му се на прво место, но љубовта често може да ве однесе во ситуации во кои го губите разумот, а тоа е мошне веројатно да се случи овој месец. Имате можност да запознаете личност на еден работен состанок или пат во странство. Но, ако многу ви се допаѓа, преземете иницијатива, не тактизирајте. 

На 19 февруари, планетата на интимноста и контролата Плутон прави судир со Венера и ги интензивира вашите чувства, но и односот во вашите љубовни контакти. Ако сте во врска која е поставена на цврсти темели, ова е совршен момент да ја однесете на повисоко ниво. Но, што и да одлучите, осигурајте се дека размислувате слично со вашата сакана личност.

Ако сте слободни, овој емоционален интензитет ќе ви помогне да се поврзете со една посебна личност, на подлабоко ниво. Нова романса е на хоризонтот, а веројатно и многу поинаква од сите ваши досегашни искуства. 

Умниот Сатурн е во вашата четврта куќа на домот и семејството, насочувајќи го вашиот фокус на темите поврзани со сигурноста и припаѓањето. Ова е можност да откриете што е тоа што ве прави среќни и сигурни до другата личност, но и во однос на вашите љубовни навики. Без оглед на вашиот љубовен статус, Сатурн ви носи можност за интроспекција и анализа на вашата љубовна ситуација и можност да го подобрите она што треба да се подобри. Вие сте подготвени за тоа, овој месец.

На 18 февруари, ќе биде обземени од страста. Не се плашете, тоа не е ништо лошо. Вие сте најстраствениот знак во хороскопот. Уживајте во страста во овој период и дозволете им на новите луѓе да влезат во вашиот живот и да ве запознаат. Задржете ја својата вообичаена мистериозност, но не бегајте од љубовните можности. 

Особено успешен ден за љубов е младата Месечина во Риби на 19 февруари. Заокружете го овој датум во вашиот календар. 

Но, почетокот на сезоната на Рибите ве предупредува да не дозволувате да бидете обземени од љубовта и да заборавите целосно на своите пријатели. 

Работа

Личниот и професионален развој се ваша главна тема во вториот месец од годината. 

Но, Шкорпиите се вообичаено внимателни во овој период на годината, особено во работата со Лавовите и Водолиите, но ако е така, тогаш би требало и Овните да ги додадете на својата листа овој месец.

Ве очекува добивка особено ако работите со Јарец, Стрелец или некоја друга Шкорпија, а странските јазици и соработката со странство особено добро ќе ви одат од рака. Можни се и нови корисни познанства кои би можеле да ви донесат добри соработки во натамошниот период. 

Кариерата ќе ви биде на прво место, уште од 5 февруари со полната Месечина во Лав во вашата десетта куќа на социјален статус. Вообичаено, полните месечини означуваат кулминација, па така немојте да бидете изненадени ако добиете вести за унапредување или нешто убаво поврзано со вашата кариера. 

Почетокот на февруари ви носи многу обврски и одговорности, но ќе можете малку да здивнете околу 11 февруари кога Меркур влегува во Водолија во вашата четврта куќа на домот и семејството. Овој транзит ви го носи заслужениот одмор по продуктивниот почеток на месецот. 

Среќниот Јупитер минува низ вашата шеста куќа, па ви помага да работите на своите секојдневни навики и да ја подобрите својата позиција на работното место.

Време е да побарате нова работа? Ја имате поддршката од Јупитер за тоа? Што и да посакате овој месец, ќе успеете лесно да го искомуницирате и да отидете чекор понатаму во своите професионални цели. Во тоа ќе ви помогнат и вашите навики, професионалност и добра организираност. 

Особена среќа на ова поле ве очекува на 17 февруари кога Меркур се здружува со Јупитер и ви помага да се посветите на сето она што има потенцијал да ви донесе успех.

Здравје

Намалете ги цигарите.