Месечен хороскоп за февруари 2023: Лав

Според хороскопот, февруари е месец во кој ќе се посветите на подобрување на односите со другите.

Љубов 

Размислете за своите желби, за она што го сакате и ви е потребно во љубовта, без оглед на вашиот статус. Слободните Лавови ќе имаат можност да запознаат личност која е многу поинаква од нив, а која ќе ги одушеви. 

На одредени моменти ќе бидете воздржани и сомничави, а тоа е посебно изразено со Рибите, Стрелците и Биковите. 

Сонцето е во вашата седма куќа на партнерства, носејќи ви потреба да ги подобрите односите со другите. Ова е време за подобрување на врската  или пак откривање на она што го сакате, ако сте слободни. Начинот на кој се поставувате кон другите ќе има влијание и на тоа како се гледате себеси. Ако успеете да ги слушнете другите и да размислите за тоа, ќе успеете и да се видите себеси во ново светло.

На почетокот на месецот, непредвидлиот Уран го предизвикува Сонцето и ви носи чувство на несигурност. За да ги спречите нервозата и импулсивноста во вашите љубовни односи, важно  е да се запрашате што се крие под површината на таквите чувства. Потрудете се да останете позитивни и флексибилни и подгответе се за промени, но и нови убави можности.

На 11 февруари, комуникативниот Меркур влегува во Водолија и ви помага лесно да ги искомуницирате своите потреби. Ова носи и потенцијал за нова романса, особено со личност која можеби досега не знаела како се чувствувате. 

Младата Месечина на 19 февруари означува нови почетоци на ова поле. Дополнително, на истиот ден, Венера влегува во Овен, што носи силна страст и љубовна енергија за вас. Уживајте во самодовербата која ви ја носи овој период и посветете се целосно на љубовта. 

Работа

На крајот на јануари најдовте мир по хаотичниот месец, а за среќа, мирот продолжува и во поголем дел од февруари. 

Во текот на овој месец една Шкорпија или Водолија ќе бидат многу заинтересирани за соработка со вас, а до вас ќе дојдат добри вести со посредство на Рибите, Стрелците или Девиците. 

Можно е во одреден дел од месецот да се прашувате зошто се занимавате со одредени сомнежи, но вашата интуиција е во право. Ако одредена личност ви делува сомнителна и не сакате да отпочнете соработка со неа, тогаш така нека биде. Не се убедувајте во ништо што не сакате да го направите. Но, би било добро да ја проширите соработката со оние знаци кои ги избегнувате поради нивната тврдоглавост, а тоа се Јарците и Шкорпиите, кои овој пат ќе бидат прилично соработливи и љубезни. 

На 5 февруари со полната Месечина во вашиот знак ќе бидете поттикнати да поработите на себе и на она што ве прави среќни. Направете ги променете кои ви се неопходни за да дојдете до успехот кој го посакувате. 

Околу 14 февруари ве очекува подобрување на финансиската ситуација преку дополнителни приходи или пак исплата на нешто на што долго сте чекале. На 16 февруари, Сатурн (планетата на ограничувањата) ќе биде блиску до Сонцето, барајќи од вас да се ослободите од хаосот во вашиот живот. Ќе биде неопходно да воспоставите структура и да се ослободите од оние навики кои се можеби токсични или не ви носат успех. Ова е и време за ефикасност и трпение. 

Во меѓувреме, Плутон ќе се стационира во вашата куќа на работа и здравје и од вас ќе бара да изградите баланс меѓу едното и другото. Подобрете ги начините на кои функционирате и исфрлете ги оние навики кои ви ја намалуваат ефикасноста.

Сезоната на Рибите почнува на 19 февруари и ви носи желба за трансформација. Тоа значи дека можете да се посветите на своите креативни проекти, но и јавен имиџ. Што и да ви е важно, ставете го високо на својата агенда за време на овој транзит. 

Здравје

Обрнете внимание на имунитетот.