Месечен хороскоп за февруари 2023: Девица

Февруарскиот хороскоп најавува амбициозност и посветеност на целите.

Љубов

Слободните Девици имаат потреба од силна личност покрај себе, а таа желба би можела да им се оствари овој месец со поврзувањето со еден Јарец, Шкорпија, Риби или Бик. Можно е тоа да е некој кој го познавате преку работа, а кој ви остава впечаток на мистериозна личност која сакате подобро да ја запознаете. 

Љубовната Венера танцува во вашата седма куќа на партнерства овој месец. Тоа ќе ви донесе леснотија во односите со другите луѓе, но и сладост и страст ако сте во врска. Девиците кои се слободни ќе привлекуваат интересни личности, а само потребно е да ја изберат вистинската личност која им одговара според нивните критериуми. 

На 18 февруари, ѕвездите го осветлуваат вашиот љубовен живот. Не постои сигурен рецепт за успех, но кога ја имате поддршката од планетите, работите се полесни. Ова е време кога треба да се посветите на врската, да поминете повеќе време со саканата личност, а за слободните Девици е повик да и дадат шанса на онаа личност за која размислуваат дали им одговара. 

Ден потоа, на 19 февруари, небото ќе биде осветлено од младата Месечина во Риби, а ова е совршен ден за љубов. Тоа означува нов циклус на ова поле, но и носи нови почетоци. Подгответе се! 

На истиот ден, Венера влегува во огнениот Овен и потсетува дека треба да се препуштите на љубовта. Сакате да сте слободни? Тоа е во ред, прифатете го тоа. Сакате да стапите во брак? Преземете нешто, купете го прстенот конечно. 

Работа

Не се плашете драги Девици. Вие сте најамбициозниот и најпосветен знак во хороскопот, а ова е месец во кој добивате можност да го остварите она на што долго работевте. Ја имате дисциплината и волјата, а сега доаѓа и целосна поддршка од планетите.

На крајот на јануари, направивте напор да се одморите и да се подготвите за напорен февруари. Овој месец можеби и нема да биде така напорен бидејќи вие сте вредна личност, но секако ви носи големи одговорности и нови проекти. Ова е месец кој вообичаено ви носи многу различни ситуации, особено ако се занимавате со јавна работа. 

Внимавајте, бидејќи ги доживувате соработниците како многу напорни личности на кои им е потребно вашето внимание. Не сакате да се занимавате со нив, туку имате за цел целосно да се посветите на работата. 

Имате можност да ја проширите соработката со странство, со личности кои се занимаваат со поголеми бизниси и со тоа ќе добиете и можност да ги зголемите своите приходи. За некои Девици, ова се нивните пет минути да се истакнат. 

На 5 февруари под светлината на полната Месечина ќе бидете поттикнати повторно да се одморите далеку од сите и да соберете енергија за да се посветите на своите цели. Вообичаено, полните месечини носат драма во нашите животи, но вие сте практичен знак кој нема да го дозволи тоа. 

На 11 февруари, комуникативниот Меркур влегува во Водолија во вашата шеста куќа на здравјето и ве повикува да обрнете поголемо внимание на своето здравје. Иако е важна работата и сите обврски во вашиот дневен календар, не ја одложувајте посетата на лекар, особено за оние закажани прегледи кои веќе ги имате во својот календар. Ова е и транзит кој ве поттикнува да се погрижите за поздрави навики, па потрудете се да се храните поздраво иако работите напорно.

Планетата на акцијата Марс ќе минува низ вашата десетта куќа на кариерата држејќи ве постојано активни и насочени кон исполнување на амбициите. Ако посакувавте да отворите нов бизнис, да добиете унапредување или да ја смените работата, Марс ќе ве турне кон тоа. Енергијата е дополнително поддржана од Меркур кој ќе ви донесе леснотија во носењето одлуки и комуницирањето на вашите потреби со другите. Преземете го ризикот кој е неопходен!

На 11 февруари, умниот и комуникативен Меркур влегува во вашата шеста куќа на работата. Време е да поставите распоред, целосно да се посветите на своите цели и да обрнете внимание на сите детали. Тој ќе ве поттикне максимално да се ангажирате, а за возврат да го добиете и најдоброто.

На 17 февруари, со здружувањето на среќниот Јупитер со Меркур, ќе бидете и возбудени за она што доаѓа и со оптимизам ќе гледате на иднината. Само бидете внимателни околу 21 февруари кога ексцентричниот Уран прави предизвикувачки аспект со Меркур и ви носи несигурност во вашите односи со другите луѓе. Проверете ги неколку пати меиловите кои ги праќате и не дозволувајте нервозата да се пренесе на повеќе луѓе и работи. Бидете внимателни, ова не е време за фијаско. 

Здравје

Поработете на својата физичка кондиција.