Месечен хороскоп за декември

Декември е месец кој ни ја носи зимата, но и убава енергија за сите хороскопски знаци.

Прочитајте го хороскопот за декември.

Овен

Љубов

Со оглед на тоа дека овој месец почнува опозицијата на Венера со ретроградниот Уран во вашиот знак, целиот месец вниманието ќе биде ставено на односите со другите луѓе. Иако првите недели носат комплицирани односи и љубовни ситуации, сепак и остатокот од месецот не е совршен. Се трудите да скриете некаква тајна од саканата личност, но нема да успеете во тоа.

Ако не сте во врска, декември носи страст и љубовни лудила. Целосно ќе го изгубите паметот за една личност. Опуштете се и уживајте.

Работа

Првиот дел од месецот носи непријатни ситуации со колегите. Но, наместо тоа потрудете се да си излезете во пресрет едни со други, да направите компромис и да спречите конфликти. Ве очекува многу работа и обврски, а ќе бидете и прилично задоволни од тоа како ќе се одвиваат работите.

Здравје

Овој месец морате да го чувате своето здравје, како физичко, така и да го спречите менталното исцрпување. Одмарајте повеќе, водете сметка за исхраната и рекреирајте се.

Бик

Љубов

Декември носи лоши љубовни позиции за оние кои се во врска. Тоа не значи конфликти и кавги, туку мали падови кои всушност имаат и за цел да ја зајакнат врската. Сметајте дека ова е турбулентен период кој треба да ви донесе многу лекции. Она што е добро е дека ќе станете како вулкан на страст, па се надеваме дека ќе успеете да го искористите тоа.

За оние кои не се во врска, некои Бикови ќе решат да дадат шанса на старите љубови. Ќе видиме колку успешно ќе испадне сето тоа.

Работа

Секој декември за вас е иста приказна. Се чувствувате дека само вие работите и дека вие сте единствените кои се трудите. Треба да научите дека не можете да сметате премногу на другите луѓе. Финансиски, ова е променлив месец, а постои можност и да изгубите пари или да ви бидат украдени.

Здравје

Морате да водите сметка за имунитетот, а и веднаш реагирајте на сите тегоби. Лесно се исцрпувате и ја губите енергијата.

Близнаци

Љубов

Ова е поволен месец за зафатените Близнаци. Овој месец ќе обрнете внимание на важни прашања, но генерално гледано, тоа може да донесе растеретување и подобар однос со личноста која ја сакате. Би било добро да се пронајдете да се најдете на половина пат и да одлучите дали имате исти цели за иднината. На тој начин, дополнително ќе се поврзете и уживате во месецот.

За слободните Близнаци, декември носи пробудени страсти, а и нови познанства преку некој од пријателите. Првиот дел од месецот ќе ве натера да размислувате за минатото, а можна е и обнова на некоја стара врска.

Работа

Првата половина од месецот ќе биде напорна за сите оние кои имаат заостанати обврски или оние кои преземаат многу работа на себе. Другиот дел од месецот е порастеретен, но носи дилеми и лоши односи со надредените. Сепак, проблемите со финансиите конечно ќе бидат решени.

Здравје

Ве очекуваат настинки и вирози -  генерално гледано пад на имунитетот.

Рак

Љубов

Овој месец ве предупредува дека морате да направите промени во однос на саканата личност. Морате да ја раздвоите работата од приватниот живот и да обрнете повеќе внимание на саканата личност. Вториот дел од месецот носи оттуѓување од партнерот, а и големи расправии.

За слободните Ракови, овој месец носи обновување на некоја стара врска. Вториот дел од месецот носи посериозни кандидати и приказни кои можат подолго да потраат.

Работа

Целиот месец ќе бидете окупирани со работа, а дури вториот дел од месецот носи поопуштена атмосфера. Од самиот почеток на месецот ќе работите напорно, така што ќе се таложат обврските постојано. Сепак, тоа носи повеќе пари за празниците.

Здравје

Младите Ракови нема даа имаат проблем со здравјето. Кај постарите, потребна е повеќе грижа за имунитетот.

Лав

Љубов

Првата половина од месецот е многу хаотични кога станува збор за љубовта и бракот. Мал проблем ќе биде комуникацијата, но и обостраната нервоза. Постојат прашања и кои долго сте ги игнорирале, но сега доаѓа време да ги решите. Вториот дел од месецот носи растеретување, а крајот на годината пак носи преубави љубовни моменти.

За оние кои не се во врска, се јавуваат неограничени аспекти за забава, но мали се можностите да се најде личност по ваша мерка.

Работа

Овој месец носи отежната комуникација со соработниците и деловните партнери, особено во првата недела на декември. Потрудете се да ги завршите сите обврски и немојте да бидете од оние кои ги завршуваат сите работи во последен момент. Потребно е да бидете внимателни во однос на финансиите.

Здравје

Декември носи солидна здравствена ситуација. Можни се настинки,но тоа не е ништо сериозно.

Девица

Љубов

Првата недела од декември ќе биде тешка за љубовните односи и брачни релации. Ни по овој период нема да биде особено добро, но ќе имате барем помалку причини за напнатост. Старите кавги можат да излезат на  површина, а можат да се отворат и нови фронтови за кавга. Можна е сомничавост и љубомора. Ако нешто криете од партнерот, бидете особено внимателни во вториот дел од месецот.

Оние кои не се во врска, би можеле да обноват контакт со симпатија или личност со која биле во врска. Не се изненадувајте ако тоа стане посериозно одошто очекувате.

Работа

Ова нема да биде едноставен месец за вас. Нагласено е полето на комуникација и движете, кратки патувања и договори, така што ќе се трудите да бидете насекаде. Ќе ви недостасува фокусираност и организираност, па можно е некои работи да ги правите и повеќе пати, поради грешките и пропустите.

Здравје

Можни се проблеми со дишењето и белите дробови во првиот дел на декември.

Вага

Љубов

Ако долго во себе чувавте незадоволство кон саканата личност, тоа ќе излезе на површина во текот на овој месец. Особено внимание обрнете во првата недела од декември. Бидете свесни дека може да дојде и до завршување на некои врски. Ако успеете да ги надминете конфликтите, ве очекуваат убави моменти на крајот од месецот.

За оние кои не се во врска, првиот дел од месецот носи нови познанства и страствени односи. Подобар период за нови почетоци е вториот дел од месецот.

Работа

Ова е месец во кој ќе ви изгледа дека постојано водите борба со некого. Контактите со соработниците трудете се да бидат во духот на компромисот и соработката и потрудете се силно да ги избегнете конфликтите. Овој месец ќе работите со луѓе кои не ве разбираат, така што чувајте си ги нервите.

Здравје

Неповолен период во однос на вашето здравје. Можно е да дојде до настинки и вируси. Ќе бидете подложни и на гинеколошки, уринарни и хормонски проблеми.

Шкорпија

Љубов

Овој месец, вашите тајни или тајните на партнерот можат да ви го закомплицираат животот. Затоа е и неопходна максимална отвореност и искреност, но потребно е недоразбирањата да ги решавате веднаш. Венера која транзитира низ вашето поле на личноста ви носи зголемена љубомора.

За оние кои не се во врска, декември ќе биде интересен месец. Тие ќе треба да се борат за некоја личност. Сепак, за ваше добро избегнувајте личности кои се зафатени.

Работа

Ве очекуваат многу обврски, но и ситуации кои ќе успеете да ги надминете со вашиот шарм, мудрост. Ситуацијата се поправа на полето на финансии, но вие точно знаете како да ги држите во баланс финансиите.

Здравје

Зајакнете го имунитетот и внимавајте на исхраната.

Стрелец

Љубов

Декември ги става врските на испит, барем во првиот дел од месецот. Но, бидете внимателни, многу ситуации ќе бидат комплицирани. Во суштина, ова е недела кога треба да се решат проблемите во вашите односи бидејќи само така можете да продолжите со врската. Ако се сомневате во партнерот, не носете брзи заклучоци, туку прво разговарајте.

За оние кои не се во врска, декември носи многу утнувања во љубовта. Сепак, интуицијата е непогрешива и ќе знаете точно што да направите на крајот.

Работа

На работа, морате да се соочите со многу препреки, но и да сфатите на кој од соработниците можете да се потпрете. Сепак, ова е и месец на многу планови, а дел од нив и ќе станар реалност. Финансиската ситуација ќе биде одлична.

Здравје

Најдете начин да се справите со стресот.

Јарец

Љубов

Во текот на декември, многу од љубовните односи ќе бидат ставени на тест. Во деновите меѓу 23-26 декември, особено внимание треба да обрнете на тоа што би можело да предизвика погрешен впечаток и да направи саканата личност да се посомнева во вас. Генерално, во текот на целиот месец нема да имате време еден за друг, што може да доведе до заладување на односите. Потребно е да пронајдете повеќе време за заеднички активности и да се потрудите да поработите на врската.

За оние кои се слободни, ќе бидете мета на додворувачи, на старите, но и многу нови. Обрнете внимание на тоа што ви годи, и уживајте во најубавиот дел од годината за вас – вториот дел од декември.

Работа

Комуникацијата со соработниците ќе биде чудна и отежната, особено во текот на првата недела од декември. Во тој период ќе имате многу недоумици и нема да знаете кому да верувате. Само внимателно – работите ќе се расчистат на крајот од месецот.

Здравје

Здравјето нема да биде најдобро. Ќе ве мачи менталната исцрпеност. Окружете се со позитивни луѓе.

Водолија

И Водолиите ќе поминат низ период на предизвици, во првата недела на декември. Ќе бидете малку нервозни во врската, а партнерот нема да разбира што ве прави толку нерасположени. Од друга страна, тие имаат сомнеж во вас, се чувствуваат занемарено и мислат дека нешто криете. Сепак, крајот на месецот носи закопување на воените секири и носи убави љубовни моменти.

За оние кои не се во врска, тие ќе размислуваат за минатото, а ќе посакаат и по некоја авантура. Генерално, убав месец за сите осамени души.

Работа

Внимавајте на тоа како се однесувате во текот на овој месец и не претерувајте со зборовите. Доцните со обврските, а немојте да мислите дека тоа надредените не го забележуваат. Бидете повнимателни и решете ги работите, а потоа во вториот дел од месецот ќе се опуштите.

Здравје

Треба да обрнете повеќе внимание на исхраната и физичката активност. Постаритте претставници на овој знак ќе се соочат со пад на имунитетот.

Риби

Љубов

Имате чувство дека партнерот се одалечува од вас. Некои стари прашања ќе ве мачат во врската и ќе морате да ги решите во првиот дел од месецот. Ќе биде важно да ја надминете нервозата и со позитивен став да седнете и да разговарате. Бидете внимателни во однос на тоа како се однесувате во периодот 22-26 декември, бидејќи можете да предизвикате сомнеж кај саканата личност.

Оние кои не се во врска, ќе мислат на личност од минатото со која можат да остварат и комуникација во текот на овој месец. Но, декември носи и можности за нешто ново, така што на вас ќе остане да изберете.

Работа

Работите постојано и тоа ќе ве мачи многу во текот на овој месец. Ќе се борите со проблеми, а и со луѓето околу вас, особено во првите 2 недели од месецот. Потоа ќе можете да здивнете.

Здравје

Здравјето е одлично во текот на декември.