Декември ви носи потреба да се повлечете од вревата, да ја прочистите менталната енергија и да ги преиспитате односите и целите што ве следат цела година.

Месецот започнува со фокус на вашиот социјален круг, каде Полната месечина во Близнаци на 4 декември ги осветлува динамиките што ве исцрпуваат. Можно е да сфатите дека некои врски ве оддалечуваат од себе или дека сте се обидувале да носите товар што не ви припаѓа. Ова е период кога ќе почувствувате силен порив да расчистите, да се дистанцирате од хаотични влијанија и да ги задржите само оние луѓе кои го почитуваат вашиот мир.
Од 11 декември, со Меркур повторно во Стрелец, ќе почувствувате подобрување во мислите, комуникацијата и инспирацијата. Ќе сакате разговори со смисла, контакт со луѓе што ве исполнуваат и идеи што ве носат напред. На 15 декември, Марс влегува во Јарец и ја насочува вашата енергија внатре – почнувате да расчистувате скриени стравови, незавршени работи или емоционални остатоци што го блокираат растот. Младата месечина во Стрелец на 19 декември ви отвора нов циклус во целите, амбициите и визијата за иднината. Со почетокот на сезоната на Јарецот на 22 декември, влегувате во период на тивка трансформација. Декември е месец на психичко рестартирање, подготовка и внатрешна стабилизација пред сопствениот подем што доаѓа во јануари и февруари.
Љубов
Љубовта во декември е повлечена, интуитивна и ориентирана кон суштината. Првите денови може да донесат расчистување со некој однос што долго ве оптоварувал – не со конфликт, туку со тивка свесност дека некои врски дојдоа до својот природен крај. Полната месечина во Близнаци ви помага да видите што ве исполнува, а што ве троши.
Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, љубовната комуникација станува појасна. Ќе сакате искрен разговор, простор, слобода, но и некој кој ги разбира вашите потреби без да ве притиска. Ќе забележите дека се враќа радоста на спонтаноста, флертот и искрената размена. На 15 декември, Марс во Јарец ја продлабочува љубовната динамика. Ова е период кога ќе сакате да се поврзете не наповршно, туку со доверба, зрелост и тивка лојалност. Ќе чувствувате потреба за мир, за близина без хаос, за партнер кој ви дава стабилност, а не драматични возбудувања.
Младата месечина на 19 декември носи нов љубовен циклус преку пријатели, групни настани или неочекувана средба. Од 24 декември, со Венера во Јарец, љубовта станува тивка, искрена и насочена кон долгорочност. Ова е енергија на изградба, не на експлозија.
Работа
Во работата, декември е месец на мрежи, идеи и подготвување на долгорочни планови. Првите денови ве поттикнуваат да завршите групен проект или да се дистанцирате од тимска динамика што ви спушта енергија. Полната месечина ви покажува јасно каде не треба понатаму да вложувате труд.
Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, работниот ум се шири: идеи се множат, мотивацијата се враќа, а комуникацијата со колеги и партнери станува полесна. Ова е период за brainstorming, стратегија и иницијативи што носат резултат следната година. На 15 декември, Марс во Јарец ве насочува кон тивка, но длабока работа. Ова е транзит на подготовка, планирање, задкулисни активности и зајакнување на менталната структура. Не е време за брз напредок, туку за мудро градење основа.
Младата месечина на 19 декември носи можност за нова соработка, проект преку пријатели или идеја што може да стане значаен дел од 2026. Со сезоната на Јарецот од 22 декември, работата станува поорганизирана, стабилна и сериозна. Ќе сакарате јасен систем, рутина и структура што ве носи напред.
Здравје
Здравјето во декември бара смирување, редовен одмор и ограничување на менталната стимулација. Првите десет дена може да донесат наплив на нервоза, расеаност или чувство дека ви треба дистанца – слушајте го тоа. Од 11 декември, ќе почувствувате ментално олеснување. Разговорите стануваат полесни, а мислите појасни. Но клучниот момент доаѓа на 15 декември, кога Марс влегува во Јарец и иницира период на емоционално чистење. Телото ќе бара повеќе сон, мир и рутина што ве стабилизира.
Од 24 декември, со Венера во Јарец, здравјето стабилизира. Енергијата е помирна, порамномерна, а телото реагира подобро на дисциплина и топлина. Кон крајот на месецот, ќе почувствувате дека сте енергетски прочистени и подготвени за својот голем подем во јануари.