Месечен хороскоп за декември 2025: Вага

Декември ви носи комбинација од интроспекција, важни разговори и враќање на менталната јасност.

Месецот започнува со потреба да се смирите и да ги средите мислите, а Полната месечина во Близнаци на 4 декември ќе ве поттикне да расчистите недоречености, стари идеи или нешто што ве оптоварувало на ум. Ова е период кога сакате искреност и со себе, но и со луѓето околу вас.

На 11 декември Меркур повторно влегува во Стрелец и ги отвора вашите разговори, патувања, учење и комуникациски вештини. Ќе почувствувате дека повторно имате глас, дека знаете што сакате да кажете и дека можете појасно да се изразите. Марс влегува во Јарец на 15 декември и ве насочува кон домот, приватноста и внатрешната стабилност. Сè што е незавршено во домашниот или семејниот сегмент ќе бара внимание. Младата месечина во Стрелец на 19 декември отвора нов комуникациски циклус: нов договор, нов начин на изразување, нов контакт или нов пристап кон учење. Сезоната на Јарецот што почнува на 22 декември ве враќа кон внатрешните теми – семејство, дом, лични темели. Декември е месец кога се поставуваат структури што ќе ви ја дефинираат 2026 година.

Љубов

Во љубовта, декември е месец на разговори, јасност и повторно поврзување. Првата недела може да донесе мали недоразбирања поради Полната месечина во Близнаци, некој збор ќе ве допре подлабоко или ќе сфатите дека сте собирале премногу тишина во себе. Ова е добар момент да проговорите. Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, љубовта станува полесна и поотворена. Ќе сакате искрена комуникација, прошетки, спонтани средби, флерт. Ќе бидете шармантни, јасни и привлечни со самата ваша потреба за вистинска блискост. Од 15 декември, со Марс во Јарец, односите бараат зрелост. Ќе се поставуваат граници, ќе се прават важни разговори за сигурност и иднина, а понекогаш и ќе се расчистуваат стари нерешени прашања во домот.

Младата месечина на 19 декември носи нова енергија во љубовта: нов познаник, повторно отворање на контакт или разговор што го чекавте подолго време. Ако сте во врска, ова е идеален момент за искрена комуникација што може да го подобри квалитетот на релацијата. Од 24 декември, со Венера во Јарец, љубовта станува стабилна, смирена и насочена кон долговечност. Ќе ви годи партнер кој нуди постојаност и зрелост, но не и драма. 

Работа

Во работата, декември е месец на идеи, комуникација и преговори. Првите денови може да донесат потреба да расчистите документи, рокови или информации кои се насобрале. Можни се разговори што конечно добиваат форма или добивање одговор кој го чекавте долго.

Од 11 декември, со Меркур во Стрелец, работата станува полесна – идеите полнат, мотивацијата се враќа, а мрежите на контакти се активираат. Ова е добар момент за презентации, разговори за соработка, учење и креативни задачи. Клучниот транзит е Марс во Јарец од 15 декември. Тој ве насочува кон домот, но и кон темелната, дисциплинирана работа. Можно е да работите од дома, да правите реорганизација, да вложувате труд во нешто што бара стрпливост. Овој период е одличен за завршување важни задачи пред крајот на годината.

Младата месечина на 19 декември отвора нов циклус поврзан со пишување, договори, комуникации или проекти со краток рок. Сезоната на Јарецот на 22 декември ве прави сериозни и фокусирани, работата станува поважна, а плановите за 2026 добиваат форма.

Здравје

Здравјето во декември бара внимание на нервниот систем и на балансот помеѓу активност и одмор. Првите денови може да донесат наплив на мисли или проблеми со спиењето, па добро е да внесете рутина која ќе ве смири – пократки прошетки, читање, ограничување на екраните пред спиење.